Alfa Romeo Logo

Модели

Концепт автомобилот Алфа Ромео Tonale победи на “Car Design Award 2019”


  • Престижната интернационална премија за car design” , во категоријата “Concept car” е доделена на првиот компактен хибриден SUV plug-in на Алфа Ромео.
  • Фацсинантниот концепт автомобил Tonale се одликува со карактеристичен италијански стил кој најавува синтеза помеѓу скапоценото наследство на марката и она што следи во иднината.
  • Церемонијата на доделување на наградта се одржа на Парко Валентино 2019.

На првиот ден од Саемот Парко Валентино 2019, се одржа церемонијата на доделување награди “Car Design Award” организирана од списанието Auto&Design. Овој престижен интернационален конкурс е започнат во 1984 и е поделен во три категории – “Проекти на сериски автомобили”, “Концепт автомобил” и “Најдобар израз на дизајн на марка” – и овој пат победник во категоријата на Концепт автомобил е Алфа Ромео Tonale.

Клаус Бусе, директорот на Дизајнерскиот Центар на FCA Design EMEA, изјави: «Почестени сме со наградата добиена на ова поле за дизајнот на моделот Tonale којшто, како и секој автомобил на Алфа Ромео, е создаден од совршената рамнотежа помеѓу наследството, брзината и убавината. Тој во себе ги содржи правилата кои го карактеризираат италијанскиот стил и единствениот јазик на Алфа Ромео: смисла за пропорции, едноставност и грижа за квалитетот на површините, за иновативниот дизајн, но верен на универзално призната традиција».

Конкретно, овој концепт автомобил зборува со јазикот на убавината, типичен за Бишоне: тоа е компактен SUV со градска вокација на спортска персоналност. Карактеристиките на италијанскиот стил кои го издвојуваат се проектирани во иднината  во единствена синтеза помеѓу наследството на марката и воведувањето на нови правила. Како што е наведено во манифестот на Алфа Ромео, секој детаљ е во функција на возачот, додека пак задоволството при возење се должи на ергономијата, на вредните материјали и пред сè на неспоредливиот динамизам. Концепт автомобилот Tonale ја претставува електрификацијата според Алфа Ромео: средба на најразвиените технологии со ширум признатата динамика на возењешто претставува можност и опипливо претставување на новите предизвици.

Дизајнот на Tonale е проектиран за иднината: неговите компактни димензии ја спојуваат единственоста на италијанскиот дизајн со оригиналниот и современ стил типичен за Алфа Ромео, во синтеза со суштината на италијанската уметност преку безвременското искуство на рачната изработка. Tonale се инспирира од убавината и од нијансите на човечките форми, така како што движењето на светлината ги оформува чистите линии и обеми. Во неговиот дизајн се пресретнуваат стилските одлики влезени во историјата на Алфа Ромео и стануваат негова допирлива манифестација, благодарение на изведбата која побудува современ пристап кон новата анатомија на Алфа Ромео. Персоналноста на Tonale се истакнува преку ексклузивните детали во Alcantara, материјал кој е синоним за современ животен стил целосно Made in Italy и Carbon Neutral, кој нуди комбинација на чувствени предности, единствена естетика и технологија. Сивиот темен антрацит plain на горниот дел дава ефект на кокпит на ентериерот, благодарение на неговите одлики за приемчивост, отпорност на абење во екстремни услови е пропустливост, кои го прават еден од најпрестижните автомобили, додека за подот е избрана сива мешавина на Alcantara со иновативна обработка.

Еден од елементите кои ја задржува традицијата  на ДНК на Алфа Ромео е тркалото “teledial”: дизајн на тркало од 21″ на Tonale кој наликува на оној концепт на “телефонски бројчаник” преку лежерна архитектонска структура, што претставува прочистена реализација на големото влијание на кружната тема. Овој избор на стил се навража на 60-ите, кога извонредна предност направи иконата, моделот 33 Stradale. Дизајнот на тркалото на Tonale кој се издвојува од останатите доаѓа од апсолутната хармонија со ексклузивната конфигурација на пневматиците Pirelli. На страничниот дел се испреплетуваат полните и елегантни облини кои се карактеристични за автомобилите кои припаѓаат на далечните генерации и технологија и потсетуваат на квалитетите полни со привлечност на чистите форми како оние на Duetto или на Disco Volante Spider, додека пак “Линијата GT” на Tonale ја интерпретира сензитивноста на напнатоста и безбедноста на повеќе пати наградуваната GT junior. Предниот дел го продолжува единствениот “Тролист” и неговиот единствен “Scudetto” Алфа Ромео кој се претставува главна силна страна на централниот дел, справувајќи ги брзината и флуидноста кои се провелкуваат на Tonale. Исконскиот елемент кој ја комлетира монографијата на предниот дел се содржи во предните светла каде “3 плус 3” беше главнат горда одлика типична за SZ и Brera. Задниот дел на Tonale е збогатен и оплеменет со заоблено задно стакло кое во горниот дел е надополнето со надвиснат спојлер, којшто го истакнува континуитетот  со транспарентниот кров. Како и за секој модел на Алфа Ромео, дизајнот се карактеризира со нешто посебно: задните светла се повеќе налик на графички знак отколку на оптички елемент за осветлување, како еден вид на светлечки потпис создаден директно од раката на уметникот.

Дизајнот на ентериерот на Tonale, кој се инспирира од тркачката историја на Алфа Ромео, ја отсликува страста и нуди „жива возливост“ благодарение на неговите динамични и моќни форми. Ентериерот на Tonale е конципирани така за да бидат во функција на возачот, но и за удобно да ги смести неговите патници. Дизајнираните линии се баланс помеѓу хармонијата и напнатоста и се добива чувство како да целиот автомобил е подготвен да „полета“. Ентериерот на Tonale предизвикува силни емоции проширени со контрастот на избраните материјали: како студената цврстина на алуминиумот комбинирана со топлината и мекоста на кожата и на Alcantara. Панелите во внатрешноста се проѕирни, а централниот тунел е осветлен одзади; на тунелот совршено се вклопува еден од основните елементи на Алфа Ромео, ДНК, селекторот за избор на начин на возење. Ентериерот на Tonale нуди инклузивно искуство со детали кои вообичаено се резервирани за ексклузивни нивоа на опременост; внатрешноста е прекрасна, пријатна и со карактеристики на динамичност кои се ценети од секој што сака да вози.

image003
Ви треба информација? Разговарајте со нас