Алфа Ромео на Меѓународниот Саем во Женева 2019
- Брендот е протагонист на настанот на изложбен простор каде преовладуваат убавината, перформансите и ексклузивноста.
- Поврзаноста и карактерот на секој од моделите, благодарение на додатоците Mopar® се изведени за да ги истакната посебностите на моделите Giulietta, Giulia и Stelvio.
- Се истакнуваат специјалните серии во ограничено издание Giulia Quadrifoglio и Stelvio Quadrifoglio “Алфа Ромео Racing”, кои ја слават легендата Алфа Ромео во трките и враќањето на еден италијански возач на Формула 1, Антонио Џовинаци во тимот “Алфа Ромео Racing” заедно со светскиот шампион Кими Раиконен.
Повеќе од еден век автомобилите Алфа Ромео ги воодушевуваат автомобилистите со нивната убавина, италијански стил кој овозможува на прв поглед да се воочат перформансите, убавината, технологијата и задоволството при возење, спремни да се ослободат при стартување на моторот. Оваа година на Интернационалниот Саем на автомобили во Женева ќе се претстави со најновата еволуција на брендот, во многу различни насоки. Нема ништо подобро од враќањето во Формула 1 со што се искажува припадноста на најекстремните перформанси на ДНК-та на Алфа Ромео, и во сезоната 2019 тимот ќе учествува на најсилниот шампионат под името “Алфа Ромео Racing” донесувајќи зад воланот италијански возач, Антониот Џиовинаци, рамо до рамо со Кими Раиконен, светскиот шампион од 2007. Затоа на штандот ќе биде изложен и еден болид, за да се покаже нераздвојната врска со трките, од каде и се раѓаат специјалните серии во ограничени количини, како што се Giulia Quadrifoglio и Stelvio Quadrifoglio, “Алфа Ромео Racing” ќе има посебна боја на каросеријата. Eволуција и во смисла на ексклузивноста, со враќањето на историската кратенка “Turismo Internazionale” која ќе стои на Алфа Ромео Stelvio со новото ниво на опременост Ti, кое е максимален израз на спортски изглед и перформанси, веднаш до Giulia Veloce Ti. Новата Giulietta MY19 се претставува на пазарот присособена на желбите на клиентите, благодарение на 5-те нивоа на опременост и 6-те пакети на додатоци. На ваков начин, секој ќе може да го искаже сопствениот карактер преку сопственото возило. На штандот се изложени елегантната Giulietta Super во зелена боја на каросеријата Visconti и спортската Giulietta Veloce.
Што се однесува до персонализацијата, може да се избере некој додаток од изложените предмети со потписот на Mopar®, брендот кој секогаш дава помош, обезбедува делови и поддршка на клинетите кои поседуваат возила на Групацијата Фиат Крајслер Автомобили.
И конечно, значаен чекор кон иднината ќе биде откриен во текот на конференцијата за печат која е на програмата на 5-ти март, среда.
