Alfa Romeo Logo

Модели

Италијански осврт кон концептниот автомобил на Alfa Romeo Tonale во “Salone del Mobile Milano”


  • По повод 58-то издание на “Salone del Mobile Milano”, своето деби во Италија ќе го направи  првиот хибриден SUV “Алфа Ромео” со средна големина.
  • Автомобил инспириран од убавината и дизајнерскиот манифест на италијанскиот бренд, ќе биде изложен во ексклузивна поставка по повод прославување на составот на електрификација и карактеристичните елементи на Alfa Romeo.

На 58-то издание на “Salone del Mobile Milano”, меѓународна изложба која отсекогаш била спој на  стил, дизајн, историја и култура, ставајќи акцент на трендовите од минатото, сегашноста и иднината, ќе се одржи во Милано од 09 до 14 април.

При поставката на елементите, престижниот настан уште повеќе ќе се истакне и со локацијата избрана од тимот на Alfa Romeo за претставување на првиот plug-in хибриден компактен SUV. По глобалното деби во Женева, по позитивниот исход за Alfa Romeo, сите посетители во Милано ќе бидат уште повеќе воодушевени со новата  поставка на Alfa Romeo во Зелениот дел од шоуто, врата до врата со Хала 7 на Corso Italia.

Концептот на Tonale го отелотворува симболот на убавината на брендот Alfa Romeo,кој е компактен УВ за урбана употреба со спортски дух. Со својот дизајн, посебните карактеристики на италијанскиот стил кои се проектираат во иднината, се постигнува вистинска комбинација на вредно наследство и воедно исчекување на нови нешта.

Во согласност со автентичноста карактеристична за Alfa Romeo, секој детал е поврзан со и околу возачот, пропратена со уживањето при возењето преку ергономија, користење на квалитетни  материјали, но пред сè со ненадминливо динамично ракување. Покрај тоа, со концептот на автомобил Tonale, Alfa Romeo ја превзема електрификацијата, како најсовремена технологија и пошироко познатата динамика на возење кои  допринесуваат и обезбедуваат нови можности и опипливи одговори на новите предизвици.

Конечно, посетителите на “Salone del Mobile Milano”, ќе бидат воодушевени од исклучителната палета, особено со лимитираната едиција на хронографот ,, Quadrifoglio” од Ederhard & Co. и со новата Alfa Romeo Dolomiti e-MТБ изработена од Compagnia Ducela.

Повеќе информации се достапни на веб-сајтот на Alfa Romeo Press Team.

190305_Alfa-Romeo_Tonale-Concept_01
Ви треба информација? Разговарајте со нас