ALFA TEST DAYS ВО БИТОЛА
Измина уште една етапа од Alfa Test Days, која овој пат се одржа во нашиот изложбено – продажен салон во Битола.
Заинтересираните за тест возење, според однапред покажаниот интерес ги имаа на располагање моделите Giulietta, Giulia и Stelvio.
Ова беше интересна можност да се запознаат одблиску со посакуваниот модел, да ги почуствуваат перформансите и секако да разменат искуства по тест возењето во атмосфера различна од вообичаените работни денови.
Alfa Test Days продолжуваат , а возилата се и понатаму на располагање за тест возење во нашиот Alfa Romeo центар во Скопје, со претходно закажување на соодветен термин.
