Alfa Romeo Logo

Модели

Две титули за Alfa Romeo на конкурсот на читателите на “auto, motor und sport”


  • Читателите на специјализираното списание од Штутгард и на партнерските интернационални списанија ги избраа Аlfa Romeo Stelvio и Alfa Romeo Giulia “Best Car” во соодветните класификации.
  • Трета последователна титула за Alfa Romeo Giulia.
  • Вкупно 385 модели на автомобили во 11 различни категории беа ставени пред читателите во 17 земји.

Alfa Romeo Stelvio и Alfa Romeo Giulia дополнително ја прошируваат нивната колекција од меѓународни награди. На конкурсот “Best Cars” од читателите на специјализираното списание “auto, motor und sport”  SUV-от и спортската лимузина ја прославија двојната победа. При сондажата, организирана истовремено во 17 земји, Alfa Romeo Giulia ја освои втората победа трета година по ред, во категоријата на средни возила од увоз.

При номинацијата за “Best Car” Alfa Romeo Giulia не само што освои 20,8 проценти од гласовите, туку и со верзијата Quadrifoglio се наметна како еден од автомобилите со најдобри перформанси помеѓу дури 31 кандидат, пријавен во категоријата на средни возила. Бензинскиот битурбо мотор V6 од 2,9 литри од моделот на врвот во гамата, ослободува моќност од 375 kW (510 КС). Alfa Romeo Stelvio се потврди во категоријата “SUV со големи димензии/Теренец” пред 56 конкуренти од германско и странско производство. Alfa Romeo Giulietta се искачи на второто место на подиумот во категоријата на Средни автомобили од увоз.

43-то издание на конкурсот “Best Cars” за 2019 година, се одржа истовремено во 17 земји. Читателите ги избраа своите фаворити во понудата од 385 модели на автомобили од 11 различни категории, и помеѓу автомобили од увоз.

180919_Alfa_Romeo_Stelvio_05_slider
Ви треба информација? Разговарајте со нас