Двојна круна за Alfa Romeo во Обединетото Кралство
Дождот од награди и признанија за Alfa Romeo не престанува. Giulia Quadrifoglio е избрана за “Best Sports and Performance Car” во рамките на изданието 2018 на наградата “Car of the Year” на британското списание What Car?, додека пак Stelvio триумфираше во инаугуралното издание на CCT100 Awards на Company Car Today, во категоријата на “Premium SUV”.
Спортската лимузина беше оценувана од страна на тимот од експерти на секторот What Car?, победувајќи ја воинствената и докажана конкуренција. Титулата “Best Sports and Performance Car” е последната од една долга серија: Giulia, всушност, доби дури седум награди во секторот само во Велика Британија во текот на последниве 12 месеци.
Опремена со мотор 2.9 V6 Biturbo бензинец со 375 kW (510 КС), оваа верзија поседува сооднос тежина/моќност на врвот во категоријата – 2,99 kg/КС – благодарение на упортебата на ултралесни материјали, како што се карбонските влакна за изработка на кровот, хаубата, предниот splitter, задниот nolder и инсерти во страничните спојлери. Тежината на верзијатаQuadrifoglio може да биде и дополнително намалена преку два дела кои се на располагање по барање: карбокерамички дискови на сопирачките и седишта Sparco co задна школка од карбонски влакна. И понатаму во рамките на изданието 2018 на наградата “What Car? Car of the Year” на британското списание What Car?, Alfa Romeo Giulia доби номинација во категоријата “Executive Saloon”, додека пак Stelvio доби номинација за категоријата “Large SUV”.
Првиот SUV на брендот е добитник на титулата “Premium SUV” во инаугуралното издание на CCT100 Awards на Company Car Today. Наградите CCT100 во избор за награда ги ставаат најдобрите модели кои сочинуваат флота на еден бренд и се оценуваат од страна на експерти од секторот. Победниците во секоја од категориите се избираат според широка гама на критериуми, меѓу кои: емисии, обем на продажба за флотна продажба на фирмите, остаточна вредност, ниво на интерес на возачите, вредност, практичност и одзив.
Stelvio ја доби првата награда поради нискиот обем на емисии и неговата сериска опрема за безбедност, како и благодарение на неговиот елегантен и спортски стил и неговите извонредни карактеристики за возење. Ова не се единствените карактеристики поради кои Stelvio е еден и единствен: SUV кој оддава емоции и максимални перформанси, поседува автентични својства на “духот на Alfa” што за прв пат во едновековната истприја се наоѓаат на едено возило sport utility. И не само тоа, туку верзијата Quadrifoglio на Stelvio се покажа како најбрз SUV во категоријата со рекорд на кругот во Нибургринг, а истовремено ги поседува петте престижни ѕвездички на Euro NCAP.
