FCA What’s Behind: на интернационалното деби на првите две средби на двата краја од светот
- На меѓународниот печат му беше претставен FCA What’s Behind: за прв пат се прикажани сцени од „зад кулисите“ како фазите на истражување и развојот на автомобилите на FCA.
- Прикажани првите две епизоди од филмскиот проект, единствен од ваков вид: моделите на FCA се тестираат во екстремни услови: на студено од -40°C во Шведска, па сè до југот на Африка на жешкото сонце.
- За да се постигнат високите стандарди за квалитет, сигурност, доверба и комфор за секој модел, потребна е макоттрпна работа: FCA What’s Behind ги прикажува местата, луѓето и техничките аспекти.
FCA What’s Behind е филмски проект кој ги раскажува случувањата зад кулисите на одделни фази на истражување и развој на автомобилите со ознака FCA. За прв пат FCA ги отвора вратите на своите центри и се претставува на целиот свет.
Сите обожаватели ќе можат да се воодушевуваат на единствен начин во сложените активности на инжењерите и техничарите кои непрекинато работат за да може да се гарантира квалитетот, сигурноста, довербата и комфорот во какви и да е услови. Токму затоа, ова грижливо тестирање, проверки, проценки и напорни тестови достигнуваат секакви латитуди: структуралната извонредност на секој проект е најважен елемент за активна сигурност и се мери во различни амбиентални ситуации, почнувајќи од рангот на температура кој варира од -40°C во Арјеплог, Шведска, до 40°C во Упингтон, на југот на Африка.
Места на кои се изменуваат минатото и иднината
Првиот тематски блок на FCA What’s Behind е токму амбиентот: шведските мразови и пустините на крајниот африкански југ се предмет на првите две епизоди на документарната серија docuseries, која во наредните епизоди, на крајот од секој месец, ќе ги посетува апсолутно извонредните центри на FCA како што е Центарот за проби во Балоко (Веричели), Центарот за безбедност и Центарот за истражување во Орбасано (Торино). Посебни места и светски центри во однос на истражувањето и развојот: експериментални центри, патеки, фабрики и канцеларии во кои се работи за да се добие комплетен квалитет.
Упингтон: тестирање под жешкото сонце
Ако од една страна автомобилите се тестираат на поларните температури на Арјеплог, од друга страна FCA ги тестира свите автомобили на жештината во Упингтон, место на северниот почеток на југот на Африка, на границата помеѓу Боцвана и Намибија. Се извива на крајот од пустината Калахари и од таму се пристапува до големиот парк Кгалагади, што на банту јазикот значи “место без вода”. Упингтнон е всушност еден од најжешките градови на југот на Африка и затоа е идеално место за проценување на таканаречените случаи „на ивица“ и за поставување на точен баланс на перформансите на жешки температури.
