Alfa Romeo Logo

Модели

Giulia ја наполни витрината со награди од Германија: триумф на SPORT AUTO AWARD 2020


Alfa Romeo Giulia го освои првото место во четири категории на конкурсот на германското списание SPORT AUTO.

Giulia GTAm победи во категоријата “Лимузина/Караван од сериско производство по цена од над 100.000 евра” помеѓу автомобилите од увоз.

Четврти пат по ред читателите  ја избраа Giulia Quadrifoglio за најдобар автомобил од увоз во категоријата “Лимузина/Караван од сериско производство по цена од над 100.000 евра”.

Според читателите на SPORT AUTO и останатите два модели на Alfa Romeo, Giulia и Giulia Veloce го претставуваат најдоброто во соодветните категории.

Дваесет и осми пат по ред читателите на германското списание SPORT AUTO гласаа за нивните омилени автомобили. И, уште еднаш решија да ја наградат Alfa Romeo Giulia. Но, за прв пат италијанската спортска лимузина доби дури четири признанија во исто толку категории на “SPORT AUTO AWARD”. Alfa Romeo Giulia GTAm тримуфираше помеѓу автомобилите од увоз во категоријата резервирана за престижните “Лимузина/Караван од сериско производство по цена од над 100.000 евра” co 44,7% гласови од читателите. Новата Giulia GTA технички и концептуално е инспирирана од Giulia GTA од 1965, “Gran Turismo Alleggerita” развиена од страна на Аутоделта. Опремена со засилена верзија на моторот Alfa Romeo 2.9 V6 Bi-Turbo, денес со 540 КC е најмоќен патнички автомобил реализиран од страна на марката во нејзините 110 години историја.

Четврти пат по ред, Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio учествува на “SPORT AUTO AWARD” во категоријата на автомобили од увоз и ја освојува нагарадата “Лимузина/Караван од сериско производство по цена од над 100.000 евра”, однесувајќи чиста победа со 47,5% од гласовите. Помеѓу “Лимузина/Караван од сериско производство по цена до 75.000 евра”, Giulia Veloce co 39,4% од гласовите, е избрана за најдобар автомобил од увоз. конечно, Giulia го освои и првото место во категоријата “Лимузина/Караван од сериско производство по цена до 50.000 авра” помеѓу автомобилите од увоз со 45,0% од гласовите.

На “SPORT AUTO AWARD 2020” учествуваа околу 13.000 читатели, кои гласаа за нивните омилени автомобили, во гамата од 230 модели, во 18 категории на автомобили од сериско производство од увоз и десет категории на tuning.

8ffcc8d7c2e7a3e45006327677ce30185d267cdc
Ви треба информација? Разговарајте со нас