Alfa Romeo Logo

Модели

Giulia GTA: блескаво враќање на легендата Alfa Romeo


Марката Alfa Romeo, на 110 години од основањето, го надополнува сопствениот мит со враќање кон почетоците, извлекувајќи ја надвор една од легендите на автомобилизмот и камен-темелникот на сопствената историја: Giulia GTA.

Новата  Giulia GTA технички и концептуално се инспирира од Giulia GTA од 1965: “Gran Turismo Alleggerita” создадена во соработка со Аутоделта, тргнувајќи од Giulia Sprint GT која собра спортски успеси насекаде во светот.

Giulia GTA потекнува од Giulia Quadrifoglio (Џулија Квадрифољо-Четирилисна детелинка) и е опремена со засилена верзија на моторот на Alfa Romeo 2.9 V6 Bi-Turbo, со 540 КС. Благодарение на проширеното прифаќање на ултралесни материјали користи намалување на тежината еднакво на  100 кг во однос на Giulia Quadrifoglio, постигнувајќи извонреден сооднос на тежина/моќност од 2,82 кг/КС што ја прави најдобра во класата.

Освен тоа, развиени се специфични технички решенија и за аеродинамиката, поставеноста и управливоста.

Под рефлекторите на славната варијанта GTAm: која е екстремна верзија на GTA и се карактеризира со две тркачки седишта, рол бар и појаси на 6 точки, 100% “street legal”.

Alfa Romeo  веднаш собра резервации за Giulia GTA и GTAm, кои се произведени во само 500 сертифицирани и нумерирани примероци. За среќните купувачи, Alfa Romeo создаде ексклузивна поддршка за корисниците, со процес на продажба one-to-one (еден на еден) и посебен пакет поддршка.

Помеѓу многуте извонредни аспекти на марката Alfa Romeo, има еден кој ја прави единствена во автомобилиската панорама: неспоредливата способност да ги спои аспектите кои на очиглед се неспоиви. Alfa Romeo располага со единствена историја, на 24 јуни ќе ја пресече славеничката торта за својот 110-ти роденден, која низ времето ја испишаа инженери и дизајнери со постојана проекција кон иднината. Препознатливи и солидни корени кои го хранат митот на Марката навикната да воодушевува, пронаоѓа и постојано да се подновува во согласност со сопствената ДНК. И лимфата која тече низ овие корени во себе содржи уште една исклучителна алхемија: совршен спој на спорт и елеганција која ја прави секоја Alfa Romeo секогаш со свој стил како на тркачката, така и на модната писта. Од оваа комбинација, со тек на годините, создадени се автомобили кои се вистински икони помеѓу автомобилите и во чест на својот сто и десетти роденден, Alfa Romeo ги изненадува Алфистите и сите вљубеници во автомобилите со еден автомобил кој претставува комплетно враќање на корените и е омаж на еден од најпретставителните модели на Бишоне: Giulia GTA.

Кратенка со легендарен шмек: GTA

Кратенката GTA означува “Gran Turismo Alleggerita” и е создадена 1965 со Giulia Sprint GTA, специфична верзија која произлегува од Sprint GT, опремена со спортска хомологација и претставена на Саемот во Амстердам истата година. Каросеријата на Giulia Sprint GT се замени со идентична, но алуминиумска, со што вкупната тежина изнесуваше 745 кг наспроти 950 кг на патничката верзија. Уште една промена се однесуваше на моторот  со двојна осовина од 1570 cm3 кој во патничката верзија, со двојно палење, достигнуваше значајна моќност од 115 КС. Техничките лица во Аутоделта, официјалниот тркачки тим на Alfa Romeo, ја избраа како појдовен автомобил за категоријата Turismo, и ја обработија така што дојдоа до максимална моќност од 170 КС. Успехот на трките беше моментен: три последователни победи на “Challenge Europeo Marche”, освоени десетина национални шампионати и стотина единечни трки насекаде низ светот. Тоа значеше враќање на имиџот на марката: Giulia Sprint GTA најдобро го искажуваше мотото на марката “една победа на ден со автомобилот за секој ден”. Оттогаш, GTA навлезе во колективниот ум како беспрекорна икона во светот на спортските автомобили, кој излезе од Бишоне, а силината на кратенката ја поттикна јавноста да ја идентификува GTA со сите спортски автомобили Alfa Romeo.

Легендата се подновува со исклучителни технички решенија

За лансирањето на исклучителната Giulia GTA, Alfa Romeo има намера да измени некое правило: не сака да зборува за историјата, особено за историјата што ја испиша и не сака да добива подароци за роденден. Претпочита да даде еден подарок за сите страсни обожаватели во форма на автомобил кој претставува автентично враќање на корените на Alfa Romeo, оние кои допираат до светот на перформансите и грантуризмот.

Опременост со технички решенија и функционален стил

Giulia GTA е веднаш препознатлива благодарение на една, не само, ексклузивна, туку и функционална перформанса: новите Алфа Ромео не се само израз на стил, туку се автомобили со високи перформанси кои произлегуваат од извонредниот сериски модел  Giulia Quadrifoglio. Инженерите на Alfa Romeo имаа за цел да ја подобрат аеродинамиката и управливоста, но пред сè да ја намалат тежината: ги следеа истите насоки како за Giulia GTA од 1965. Активната аеродинамика беше посебно проучувана со цел да се зголеми силата на прилепување кон подлогата. Во овие решенија се пронаоѓа техничкото познавање кое доаѓа директно од Формула 1 благодарение на соработката со Sauber Engineering и со употребата на Sauber AeroKit. Истата задача им беше дадена на страничните спојлери, на специфичниот заден спојлер и на активниот преден сплитер. Нов е и централниот систем на издув Akrapovič во интегриран титаниум за задниот дифузер од  карбонски влакна и специфичните тркала од 20 инчи со еден централен штраф, за прв пат на еден седан. Управливоста е подобрена преку проширување за 50 мм на предното и задното растојание помеѓу тркалата и со развојот на нов сет на пружини, амортизери за системите за потпирање. На GTAm, аеродинамичната предница е доведена до екстремност со користење на зголемен преден сплитер  и вистинско задно карбонски спојлер ala posteriore in carbonio, кои гарантираат зголемување и оптимална рамнотежа на силата на прилепување кон подлогата при високи брзини. Што се однесува до перформансите, моторот Alfa Romeo 2.9 V6 Bi-Turbo е целосно излеан алуминиум и има способност да ослободува, во сериската конфигурација дури 510 КС, на Giulia GTA достигнува моќност од 540 КС, благодарение на педантната работа за развој и калибрација на инженерите за мотори на Alfa Romeo, кои успеаја да го подобрат позитивното влијание при присвојувањето на новиот централен систем на издув Akrapovič од титаниум со единствен звук. Во внатрешноста, се истакнуваат пресвлеките кои се комплетно во Alcantara® на таблата, на панелите на вратите, на плафонот, на страничните рамки и на централниот дел на пресвелката на седиштата. Уште поголема присутност на Alcantara® има на верзијата GTAm, каде отстранувањето на задната клупа остава простор за еден комплетно обложен “леген”, со посебни форми наменети за одложување на кацигите и апаратот за гаснење пожар. Новите инсерти од мат карбон ја изразуваат техничката и естетска изразеност, правејќи го ентериерот сосем нов, којшто на GTAm се разликува, освен по присуството на рол барот и по извадените задни седишта и панели на вратите и за отворање на вратата со лента поставена на рачката, допир кој е инспириран од светот на трките.

Извонреден сооднос тежина/моќност

Но моќноста, сама по себе, не е доволна за да гарантира извонредни перформанси.  Исклучително прецизна работа на леснотијата доведена до крајност: намалувањето на тежината достигнува околу 100 килограми благодарение на примената на лесни материјали како што се на пример карбонските влакна за вретенестото вратило, капакот на моторот, кровот, предниот браник, предните поткрила и инсерти во задните поткрила, специфични спортски седишта со моношколка од карбон и појаси на 6 точки Sabelt за GTAm. И за моторот е употребен алуминиум, и за вратите и за системите за потпирање како и композитни материјали за многу други делови. На GTAm е употребен Lexan, посебен вид на смола која припаѓа на фамилијата поликарбонати кои доаѓаат директно од светот на моторспортот, за страничните и задните стакла на прозорите, што дополнително придонесува за намалувањето на вкупната тежина. Резултатот е вкупна измерена тежина од 1.520 кг, којашто благодарение на зголемувањето на моќноста на 540 КС, го доведуваат соодносот тежина/моќност  до извонредно ниво 2,82 кг/КС, правејќи ја Giulia GTA best in class и во состојба да пројави извонредни перформанси. Забрзувањето од 0 до 100 km/h е молскавично. Благодарение на системот за Launch Control, хронометарот се запира на само 3,6 секунди. Giulia GTAm предвидува, за разлика од GTA, конфигурација содве седишта, но останува со хомологација за патнички автомобил, со зголемени преден сплитер и заден спојлер во карбон, максимален израз на спортски автомобил. На нивото на опременост GTA, согласно моќноста, Giulia поседува 4 седишта, без заден рол бар; подобрени спојлер и сплитер за секојдневна употреба; панели на вратите, седишта и прозорци кои потекнуваат од Giulia Quadrifoglio. Резултатот е суперавтомобил за секојдневна употреба.

Привилегија за 500 среќни купувачи …

Аlfa Romeo Giulia GTA и нејзината екстремна варијанта Giulia GTAm ќе бидат произведени во ограничена серија од вкупно 500 парчиња, нумерирани и сертифицирани, спремни да застанат рамо до рамо со нивниот предок од 1965 помеѓу најсаканите колекционерски предмети, не само да воодушевуваат, туку и подготвено да ја ослободат на патиштата големата и плодна моќност  благодарение на префинетите технички решенија. Истата ексклузивност како кај Giulia GTA и Giulia GTAm ќе ја карактеризира и ексклузивна поддршка за корисниците, осмислена за да им овозможи на 500-те среќни сопственици единствено искуство, 100% Alfa Romeo. После претходно направените резервации, сега и официјално отворени, истите ќе бидат затворени веднаш после 500-тата нарачка, процесот на продажба ќе биде еден-на-еден, со специјалист за производот – амбасадор на Марката кој ќе го следи секој купувач од нарачката до предавањето на автомобилот. Но, искуството на купување не завршува со постапката на предавање на автомобилот. Предвиден е персонализиран пакет за персонализација, којшто содржи кацига Bell во специјална изведба GTA, комплетна тркачка опрема Alpinestars (комбинезон, ракавици, обувки) и персонализирана церада Goodwool за заштита на избраната GTA или GTAm. Покрај останататата опрема за вистинските обожаватели,  поддршката за клиентот Alfa Romeo опфаќа и посебна обука која е реализирана од страна на Академијата за возење Alfa Romeo.

Gulia GTA
Ви треба информација? Разговарајте со нас