Giulia GTA е „sold out“: историја на автентична страст
- Сите ексклузивни автомобили вклучени во проектот GTA сега се во сопственост на 500 ентузијасти и познавачи на автомобилите
- Иконата за перформанси на Алфа Ромео, најмоќниот автомобил некогаш произведен од марката на Бишоне, на ваков начин го комплетира своето патешествие како колекционерски автомобил
- Проект инспириран, замислен и имплементиран во целосна согласност и сличност со предокот од 1965 година, создаден од Аутоделта во Арезе
Giulia GTA во секој поглед станува „колекционерски автомобил“: претставен пред меѓународниот печат минатиот мај, 500-те нумерирани автомобили Алфа Ромео се распродадени. Комерцијален успех од меѓународен ранг, во кој учествуваат купувачи од целиот свет, со голема бројност од Кина, Јапонија и Австралија.
Историја сочинета од вистинска страст: проект со силна основна емоционална компонента, создаден од луѓе кои се страсни вљубеници во марката и спортските автомобили воопшто. Всушност, кога Алфа Ромео, за да ја прослави својата 110-а годишнина, посака да ги испочитува своите обожаватели, веднаш помисли на Giulia GTA од 1965 година, еден од најиконските и победнички автомобили во историјата на марката.
Проект кој произлегува од допадливоста на Giulia GTA од 1965
Тогашната тркачка екипа на Аутоделта во Балоко веќе ја имаше создадено GTA од 1965: група на механичари кои, после работното време, се посветуваа на проект кој го направи автомобилот икона, вистински спортски „тркачки“ автомобил. На истиот начин, екипата работеше и на сегашната Giulia GTA, сосема невообичаено, со желба да се оживее едно поглавје за паметење од славната историја на Алфа Ромео. Инженерите и механичарите кои работеа на остварување на проектот, под кодот “Монструмот”, на истото место каде што беше создадена Giulia во ’65-та. Во чест на таквиот дух, денешната GTA гордо го носи историскиот беџ на Аутоделта. Исто како и во далечната ’65-та, беа произведени 500 автомобили Giulia GTA (инаку цифра, неопходна за да може да се добие спортска хомологација во категоријата Turismo Група 2).
Но, сличностите не застануваат тука и се протегаат на техничкиот дел од проектот. Кога станува збор за осветлувањето, и на двата автомобили се работеше на конкретни детали како што се рачките, стаклата и тркалата (во GTA од 1965 година, вторите беа во легура на магнезиум, додека сегашните може да се пофалат со специфичен дизајн инспириран од Формула 1, кој се одликува со еден мутер, единствено решение во секторот за патнички седани). Исто така, се истакнува употребата на лесни материјали за каросеријата (Peraluman 25 за GTA од 1965 година, голема употреба на карбонски влакна за денешната).
Сличност и кај аеродинамиката, co додавање на отвори за воздух и на дваат модела, но кај оној од 1965 овој дел беше во зачеток, додека денешната GTA, со оглед на соработката со Sauber Engineering, огромното 50-годишно искуство во мотоспортот, активното учество во проектирањето, создавањето на прототиповите и производството на аеродинамичните делови, благодарение на воздушниот тунел во лична сопственост, е еден од најнапредните автомобили во Европа.
Конечно, сличност помеѓу двата модели има и во придонесот во проектите од страна на неколку професионалци, како што се: пилотите Теодоро Ѕеколи и Андреа де Адамич, кои со првата Giulia GTA ги постигнаа своите најголеми успеси и двајцата пилоти на Ф1 тимот на Алфа Ромео Racing ORLEN, Антонио Џовинаци и Кими Раиконен, кои учествуваа активно во неколку тест сесии на патеката, за време на кои дадоа вредни информации, особено за аеродинамичните компоненти и управувањето со автомобилот.
Сличноста со работата од минатото овозможи да се задржи единственоста што отсекогаш ја разликува креацијата на Алфа Ромео: функционална убавина. Уникатен дизајн, кој доаѓа од вештиот спој на форма и функција. Всушност, стилот на автомобилот мора да одговара на високиот стандард за убавина, да биде способен да го надживее времето и да има функционален карактер способен да ја фаворизира аеродинамичката и механичката ефикасност. Правило што го наоѓа својот максимален израз токму во новата Giulia GTA.
