Alfa Romeo Logo

Модели

Giulia и Stelvio “ESTREMA”: за возачите пуристи


Alfa Romeo ги претставува Giulia и Stelvio ESTREMA, првата глобална специјална серија која го отелотворува највисокиот израз во смисла на техничка префинетост и динамика на возење.
Посветено на спортскиот стил, ова ниво на опременост го позиционира моделот на врвот на гамата: душата на Quadrifoglio живее во автомобил дизајниран за секој ден.
Новата глобална специјална серија е наменета за корисник којшто внимава на одлични технички решенија кои имаат способност да создадат вистинска „симбиоза“ со автомобилот.

Активното потпирање и самоблокирачкиот диференцијал се во стандардна опрема; употребата на карбонски влакна е широко распространета за да се добие поголема леснотија и спортски став.
Презентирана во Хинвил, во седиштето на Alfa Romeo ФОРМУЛА 1 Team ORLEN. Соработката меѓу страните интензивно продолжува за најдобро да се искористи знаењето на Формула 1 и да се развијат нови стратешки средства.

Аlfa Romeo ја претставува специјалната серија на Giulia и Stelvio „ESTREMA“ во Хинвил, во седиштето на Аlfa Romeo ФОРМУЛА 1 Team. Првата глобална специјална серија „ESTREMA“ е всушност, ниво на опременост што ја става на врвот на гамата и го отелотворува највисокиот израз во однос на техничко-динамичните решенија, стилот и спортскиот дух. Местото каде се случува официјалното деби на оваа специјална серија е фабриката Аlfa Romeo ФОРМУЛА 1 Team каде, далеку од центарот на вниманието, Аlfa Romeо и Sauber продолжуваат со работа заснована на постојана синергија при што заедничкото знаење се споделува за континуирано врвно технолошко истражување: клуч за територијата во новата ера на марката.

Аlfa Romeo Giulia и Stelvio “ESTREMA”: техника и спортски дух типични за Аlfa Romeo

Giulia и Stelvio MY22 го прават своето деби со нивото на опременост „ESTREMA“, воздигнување на спортската ДНК на марката. Првата специјална серија што се продава на глобално ниво, „ESTREMA“ е совршена комбинација на техничка префинетост и уживање во возењето.

Новата логика на гамата на Аlfa Romeo сега е насочена кон едноставноста: четири нивоа на опременост – Super Business, Sprint, Ti и Veloce – секое со добро дефинирани карактеристики за да се задоволат потребите на најпребирливите клиенти. Нивото на опременост Super е порта кон светот на Аlfa Romeo. Оние кои сакаат искуство со уште поспортска конотација можат да го изберат нивото на опременост Sprint. Почнувајќи од нивото на опременост Ti, поелегантно и попрепознатливо, ќе биде возможно да се пристапи до нивото на опременост Veloce за да се постигне најдоброто во однос на перформансите и спортскиот дух.

ESTREMA се поставува на врвот на гамата и е најблиска до спортската верзија Quadrifoglio.
Проектот е наменет за корисници кои се „разбира од возење“, кој постојано бара вистинска симбиоза со автомобилот. Обожавател кој помалку е посветен на естетската мускулатура, а повече внимава на оние технички решенија кои можат да дадат одлична рамнотежа и динамика на возење. Всушност, активните суспензии се стандардни и благодарение на способноста да се прилагодат во реално време на условите на патот заедно со стилот на возење, придонесуваат за исклучителна удобност при возењето без воопшто да го намалат спортското управување и уживањето во возењето.

Системот за контрола „Alfa active Suspension“, управува со суспензии и амортизери во постојана интеракција со CDC (Chassis domain control – Контрола во доменот на шасијата) и со ДНК, калибрирајќи ја нејзината интервенција според избраниот режим.
Секогаш стандарден на „ESTREMA“ самоблокирачкиот диференцијал кој гарантира висока стабилност и контрола во сите услови на возење. Дистрибуира вртежен момент и погонска сила дури и при излегување од кривини и при голема брзина и забрзување.
Набљудувајќи ја однадвор и влегувајќи во патничкиот простор, спортската страна станува уште попријатна, благодарение на широката употреба на јаглеродни влакна.

Во надворешниот дел, јаглеродни влакна се употребени при изработка на ретровизорите и на предниот триаголник. Темни тонови за специфичната ознака „ESTREMA“ на браникот, алуминиумски тркала од 19“ на Giulia и 21“ на Stelvio – и шепи во црна боја на кочниците. Истата силна спортска конотација се среќава и внатре, каде што завршуваат јаглеродните влакна, а се истакнуваат седиштата во Alcantara®, уникатен материјал кој ги комбинира причините за естетиката и функционалноста. Црвените контрастни шевови во комбинација со кожни инсерти додаваат на спортскиот изглед и ексклузивитет на инструмент-таблата, седиштата, воланот и менувачот.

Giulia и Stelvio „ESTREMA“ се опремени со бензински 2.0 турбо мотори со 280 КС или 2.2 турбо дизел мотори со 210 КС, и двата во комбинација со 8-брзински автоматски менувач и Q4 погон на сите тркала. Нивото на опременост е комплетирано со аудио систем опремен со 14 звучници Harman Kardon.

Alfa Romeo и Формула 1: стратешки синергии за иднината на марката

Обновувањето на партнерството помеѓу Аlfa Romeo и Заубер Моторспорт во јули 2021 претставува желба на двете страни за постојано заедничко подобрување, со стратешката синергија на двете страни за дизајнирање на ентузијастичка иднина за тимот и за марката, преку прецизен долгорочен план. Инаку, ФОРМУЛА 1 е лабораторија за промена и извонредност, пионер во хибирдната стратегија, авангарда во раководењето со значајните податоци, од вештачката интелигенција и развојот на софтвер од најновата генерација, стратешки територии за една марка како што е Аlfa Romeo, што ја прави технолошката извонредност приоритет. Раководството на Alfa Romeo ФОРМУЛА 1 team е огниште каде се создаваат нови технологии и новите Giulia e Stelvio “ESTREMA” не можеа да бидат поинаку претставени освен токму на тоа место, каде техничката префинетост и потрагата по синергија помеѓу човекот и автомобилот, заеднчките вредности на двете марки, се пресретнуваат, давајќи живот на една единствена цел: перформанси.
Во раководството во Хинвил, сегашноста – искажана со смел став во специјалната серија “ESTREMA” – ја пресретнува визијата за иднината, за да започнат стратешките цели постојаната размена на техничките позбнавања.

b1b83ee03006c8199c363f0a53821b213c1150a9
Ви треба информација? Разговарајте со нас