Giulia & Stelvio “6C Villa d’Este”: највисок израз на елеганција Алфа Ромео
- Алфа Ромео Giulia и Stelvio “6C Villa d’Este” се израз на елеганција, спортски дух и Made in Italy, камен-темелници на ДНК-та Алфа Ромео.
- Ексклузивните карактеристики произлегуваат од скапоценото историско наследство на марката, посебно на иконската 6C 2500 SS “Villa d’Este” од 1949.
Новите ограничени серии на Алфа Ромео Giulia и Stelvio „6C Villa d’Este“, кои се инспирираат од скапоценото историско наследство на марката и го претставуваат нејзиниот максимален израз на елеганција. Тие претставуваат специфични технички карактеристики и естетски содржини, почнувајќи од наследената трислојна боја на каросеријата “Rosso Etna”, како ехо на претходникот од 1949 година. Ова ново ограничено издание е инспирирано од елеганцијата на боите и деталите на моделот 6C 2500 SS Coupé произведен од Алфа Ромео во 1940-тите години и автентично ремек-дело на автомобилската уметност на дваесеттиот век. Во изданието од 1949 година на Конкурсот за Елеганција на Villa d’Este, автомобилот ја освои “Gran Premio Referendum”, награда што ја додели јавноста, и го доби името по настанот кое засекогаш стана негово.
Ексклузивна специјална серија, богата со содржина
Во внатрешноста, возачот и патниците влегуваат во вистинска дневна соба во движење, опремена со најдобрите технички карактеристики на Alfa Romeo, за исклучително уживање и удобност при возењето. Alfa Romeo Giulia “6C Villa d’Este” се нуди или со 2.2 турбодизел моторот со 190 КС или 2.0 Турбо бензинец со 200 КС, и двата со погон на задните тркала. Stelvio е достапен со дизел мотор 2.2 со 210 КС или 2.0 турбо мотор со моќност од 280 КС, и двата со погон на четири тркала Q4 и 8-брзински автоматски менувач. Како дополнување на специфичната боја, оваа ограничена серија се одликува со хромирани рамки на страничните прозорци и 21“ тркала од лесна легура на Stelvio и 19“ на Giulia.
Внатре, седиштата, во кожа и електрично прилагодливи, се карактеризираат со везени натписи “6C Villa d’Este” на предните потпирачи за глава, како и специфични шевови, а везот и силуетата на 6C 2500 SS “Villa d’Este” се истакнуваат и на контролната табла. Покрај тоа, во стандардна опрема спаѓаат и алуминиумските рачки на автоматскиот менувач интегрирани во управувачкиот столб. Секако, тука се и системите ADAS од второ ниво, задна камера со приказ преку динамична мрежа, сензори за паркирање напред и назад, безжичен полнач, панорамски кров на отворање, клешти на кочниците во црна боја, затемнети задни стакла, кочници Veloce (на Giulia) и автоматски управувана задна врата (на Stelvio).
Серијата “6C Villa d’Este” сега е достапна на некои од пазарите во EMEA.
Филигранска изработка и грижа за секој детаљ
6C 2500 SS “Villa d’Este” стана еден од последните модели Алфа Ромео, изведен врз носечка шасија одделена од каросеријата, и се произведе во 36 примероци, секој од нив посебен, зависно од желбата на клиентите и од инспирацијата на каросеристите. Совршен пример за знаење како да се направи „по италијански терк“, за единствената филигранска изработка и грижа за секој детаљ, кои и понатаму ги карактеризираат моделите на Алфа Ромео, за да дојдат до израз префинетите вредности и единственоста Made in Italy.
Villa d’Este: Иконско место, дел од историјата на марката
Врската помеѓу Алфа Ромео и Villa d’Este започнува од длабоката поврзаност помеѓу Милано каде што се роди Алфа Ромео, и езерото Комо, кое отсекогаш било аристократски салон на градот и израз на италијанска извонредност на меѓународно ниво, и се одржувала цврсто низ времето. Дури и кога автомобилскиот свет почна да се фокусира на масовно производство и Конкурсот за елеганција стана сјаен потсетник на една неповторлива ера, Villa d’Este ја искажа сета своја убавина на фотосесии, настани, презентации и собири за време на кои, многу историски и концепт-автомобили на Бишоне добија престижни награди.
