Alfa Romeo Logo

Модели

Историја на трки и успеси: Алфа Ромео е Автомобилски спонзор на “1000 Милји” 2019


  • Брендот ја обновува сoработката co најубавата трка на светот”: ќе биде Автомобилски спонзор и во наредните три години.
  • Алфа Ромео на организаторите ќе им стави на располагање една цела флота од 30 автомобили, модели Giulia и Stelvio, кои ќе бидат официјални автомобили на трката “1000 Милји” 2019.
  • Поврзаноста помеѓу марката и историската трка почнува уште во 1928, кога Алфа Ромео ја извојува својата прва победа.
  • И во периодот од 1927 до 1957 марката извојува 11 победи: апсолутен рекорд кој никогаш нема да биде надминат.
  • Спортската ДНК продолжува да сјае со автомобилите со најдобри перформанси Алфа Ромео како и болидот C38 на тимот на Формула 1 “Алфа Ромео Racing”.
  • Специјалните серии Giulia Quadrifoglio и Stelvio Quadrifoglio “Алфа Ромео Racing”, претставени на Интернационалниот Саем воЖенева ја слават легендата на брендот.

Од 15 до 18 мај, на традиционалната патека Бреша-Рим-Бреша, ќе се одвива 37-мото издание на историската “најубава трка на светот”, како што сакаше да ја нарече Енцо Ферари. Средба која не смее да се пропушти, а на која ќе присуствува и Алфа Ромео одново во својство на автомобилски спонзор : врската помеѓу брендот и најзначајното навраќање на историските трки е обновена  за наредните три години. Како и секогаш, на стартот во на патеката во Бреша ќе учествуваат прекрасните модели на колекцијата на FCA Heritage, оддел на Групацијата наменет за грижа и промоција на историското наследство на историските италијански брендови на ФКА (Фиат Крајслер Автомобили), нормално, конзервирани при Историскиот музеј на Алфа Ромео во Арезе – Временската машина. Веднаш до историските скапоцености ќе продефилира и цела флота од триесет автомобили Giulia и Stelvio, официјални автомобили на трката “1000 Милји” 2019.

“1000 Милји” повеќе од 90 години е максимален израз на страста на четири тркала. За прв пат се одржа во 1927 како трка во линија со старт и финиш во Бреша, со поминување низ Рим и качување долж полуостровот, за вкупно поминати 1600 километри, еквивалент на илјада империјални милји. Во 1928, во текот на второто издание на трката, Алфа Ромео победи во поединечна и во екипна конкуренција, оставајќи ги зад себе осумте автомобили со кои тргна на стартот. До 1957 оствари вкупно единаесет победи, што претставува рекорд кој никогаш нема да може да биде соборен и воспостави нераскинлива врскапомеѓу двете марки кои блескаат на авромобилската светска.

190301_Alfa-Romeo_1000-Miglia-2019_HP_slider
Ви треба информација? Разговарајте со нас