ДОБРЕДОЈДЕ KIMI RÄIKKÖNEN: СВЕТСКИОТ ШАМПИОН ОД 2007 ЌЕ СЕ НАТПРЕВАРУВА ЗА ТИМОТ НА ALFA ROMEO SAUBER F1 ОД 2019 - Alfa Romeo Makedonija

NEWS

ДОБРЕДОЈДЕ KIMI RÄIKKÖNEN: СВЕТСКИОТ ШАМПИОН ОД 2007 ЌЕ СЕ НАТПРЕВАРУВА ЗА ТИМОТ НА ALFA ROMEO SAUBER F1 ОД 2019

11 September 2018

Alfa_Romeo_Sauber_team_slider

Официјално еKimi Räikkönen ќе му се придружи на тимот на Alfa Romeo Sauber F1 од почетокот на наредната година.

Во неговата кариера, Kimi Räikkönen обезбеди 20 Grands Prix победи и 100 подиуми, со што тој е еден од најценетите возачи во историјата на спортот. Тимот на Alfa Romeo Sauber F1 со нетрпение го очекува доаѓањето на финскиот возач, со кој тимот дели заедничка цел за достигнување амбициозни резултати.


Frédéric Vasseur, 
извршен директор на Sauber Motorsport и директор на тимот на Alfa Romeo Sauber F1:

“Потпишувањето со Kimi Räikkönen како наш возач претставува важен столб во нашиот проект, кој не доближува до нашата цел, да направиме значаен напредок како тим во блиска иднина. Несомнениот талент на Kimi и неизмерното искуство во Formula 1 не само што ќе допринесе за развој на нашето возило, туку и ќе го забрза растот и развојот на нашиот тим како целина. Заедно, ќе ја започнеме сезоната 2019 со силна основа, водена од решеноста да се бориме за резултати кои ќе се бројат.”

Покрај тоатимот на Alfa Romeo Sauber F1 би сакал да му честита на Charles Leclerc на неговиот фантастичен чекор за влез во Scuderia Ferrari од 2019, заблагодарувајќи му се за големите задоволства што му ги даде на швајцарскиот тим за време на неговата прва сезона во Formula 1 и посакувајќи му секое добро во иднина во нашиот спорт.

Најново од Alfa Romeo