Кими Раиконен и Антонио Џиовинаци се запловуваат во светот на Alfa Romeo
До возачите, гамата на Alfa Romeo која претставува максимален израз на спортско држење и убавина: Giulietta Veloce, Giulia Quadrifoglio и Stelvio Quadrifoglio, за едно ново искуство на патеката во Балоко кое ја отвора сезоната полна со ентузијазам
Возачите од тимот на Формула 1 “Alfa Romeo Racing” поминаа ден со брендот Alfa Romeo во познатиот Proving Ground во Балоко, историскиот експериментален комплекс на Групацијата Фиат Крајслер Автомобили. И токму тука, во реномираното седиште на Аутоделта, каде што беа реализирани и испробани најпрвите модели од Бишоне. Од тогаш, спортската легенда се збогати со победи и подиуми на различни интернационални шампионати, секако и Формула 1. Токму марката од Бишоне беше победник на првото издание на врвниот шампионат во 1950 co Нино Фарина зад воланот на Alfa Romeo 158. А, наредната година Хуан Мануел Фанџо со Romeo 159 повторно ја освои светската титула.
На Св. Валентин се чувствуваше љубов во воздухот, кога тимот на Alfa Romeo Racing повторно се најде на патеката во Фиорано за да ги види во акција за прв пат болидите за 2019. Додека Кими Раиконен го подготвуваше автомобилот со специјална боја “на љубовта” за тест возење, неговиот другар од тимот, Антонио Џовинаци слета на аеродромот за да го земе последниот дел и да се најде на пистата. На следните тест возења во Барселона, тимот изведе уште 33 кругови, останувајќи во лимитот од 100 километри. Alfa Romeo Racing ќе го откри автомобилот и бојата за 2019 на 18 февруари, во Барселона, Каталонија.
Кими Раиконен (автомобил број 7):
“Сесијата на патеката беше одлична. Автмобилот ми остави позитивен впечаток и успеав да ги доловам стилот и начинот како ќе се натпреваруваме оваа сезона. Ќе работиме на последните детали и ќе се обидеме во Барселона да направиме двонеделен тест. Едвај чекам подобро да го запознаам автомобилот”.
