Mille Miglia (Илјада милји) 2018: легендата за која многумина сонуваат: Alfa Romeo
- 36-ото издание на легендарната трка се совпаѓа со 90-иот роденден на првата од 11-те победи на Alfa Romeo помеѓу 1927 и 1957: тоа е рекорд којшто никогаш нема да биде надминат.
- Годишнината ќе биде одбележана на 19 мај со славеничка поворка од Милано до Арезе во Историскиот музеј на Alfa Romeo каде ќе се одвиваат неколку проби на внатрешната патека, на кои ќе се мери и времето.
- На 19 мај ќе присуствуваат и возачите Маркус Ериксон и Шарл Леклер од тимот на Alfa Romeo Sauber F1 Team кои се натпреваруваат на Шампионатот во Формула 1 2018.
- Обновен во 2015, денес музејот во Арезе е срцето на “brand center” кое ги поврзува минатото, сегашноста и иднината на италијанската марка.
- Од 19 мај до декември 2018, Музејот ќе биде домаќин на изложбата “11 пати шампион” која ги слави овие спортски подвизи, врежани во меморијата на вљубениците од целиот свет.
- На трката оваа година ќе учествуваат неколку скапоцени автомобили на Alfa Romeo од времето кои се дел од колекцијата на FCA Heritage: од 6C 1500 SS до 6C 1750 GS, од 1900 SS до 1900 Sport Spider.
- Официјалните возила на Mille Miglia (Илјада милји) 2018 ќе бидат 30 примероци на Alfa Romeo, меѓу кои и Giulia и Stelvio.
Сè е подготвнено за да се доживеат силните чувства кои секоја година, ги подарува потсетувањето на историската Mille Miglia (Илјада милји), легендарната трка дефинирана како “најубавата трка на светот”. На своето 36-то издание, трката ќе се одржи на традиционалната патека Бреша-Рим-Бреша и марката ќе се најде во првиот ред, како во својство на Automotive Sponsor, така и на “славеник”, бидејќи оваа година се прославува 90-иот роденден од првата победа на трката која се одржуваше во периодот од 1927 до 1957.
Токму на 1° април 1928, Џузепе Кампари и Џулио Рампони се искачија на највисокото место на подиумот со 6C 1500 Super Sport, едно од ремек-делата на Виторио Јано, кое се наметна по својата револуционерна механичка архитектура, co фиксна глава. Извонредниот автомобил помина 1.618 km од патеката со просечна брзина од 84 km/h, најавувајќи ја првата од 11 победи на Alfa Romeo, од кои 7последователни, од 1932 до 1938: рекорд којшто никогаш нема да биде надминат.
За да се почувствуваат одново сите моменти, со сесрдните напори на учесниците од правливите патишта, Историскиот музеј на Alfa Romeo во Арезе (Милано) ќе биде домаќин на 19 мај изложбата “11 пати шампион”. Истата ќе биде отворена до декември 2018, ќе може да се посети секој ден од 10 до 18 часот (освен вторник). И на 19 мај Арезе ќе биде домаќин, за прв пат во својата историја, на една од етапите на Mille Miglia (Илјада милји), давајќи им можност на тркачките автомобили да дадат сè од себе за постигнување на што подобар резултат со кој ќе влезат во историјата на музејот. Алфистите и вљубениците ќе може да присуствуваат и настанот со тоа што ќе купат билет на влезот во музејот и – ексклузивно, тој ден – ќе имаат пристап до надворешниот дел и на самата патека. Историските автомобили поврзани со Mille Miglia (Илјада милји) се под закрила на Италијанскиот регистар за Alfa Romeo.
На 24 јуни во прекрасниот Историски музеј на Museo Storico Alfa Romeo, ќе биде инаугуриран делот – наречен “Временска машина ” – вистинското срце на “brand center”, создаден во еден значаен проект на преквалификување потпишан од архитектот Бенедето Камерана, кој ги соединува минатото, сегашноста и иднината на марката. Освен најзначајните модели од историската колекција на Alfa Romeo, просторот е жив и исполнет со Центарот за документација, со внатрешна писта, простор за одржување настани, Alfa Romeo Caffè и салон со простор за предавање на возила.
На 19 мај ќе присуствуваат и возачите Маркус Ериксон и Шарл Леклер од тимот на Alfa Romeo Sauber F1 Team кои се натпреваруваат на Шампионатот во Формула 1 2018. Нивното учество е видлив знак затоа што тркачкиот свет е веќе врежан во ДНК-та на Alfa Romeo.
Маркус Ериксон: “Среќен сум што учествувам на Mille Miglia (Илјада милји). Станува збор за историски настан и за мене ќе биде посебно искуството да учествувам во него за прв пат. Да се претставува Alfa Romeo на ваков вид настани е нешто на што сум многу горд и едвај чекам да ги видам сите автомобили, а можеби и да повозам некој, кои се дел од историјата на Alfa Romeo “.
Шарл Леклер: “За мене е голема чест да учествувам на историски настан како што е Mille Miglia (Илјада милји). Јас сум страстен љубител на автомобилите, пред сè историските, и ќе биде навистина прекрасно да се видат на овој посебен настани секако специјална прилика да се вози Stelvio Quadrifoglio по улиците на Милано, како и еден историски Alfa Romeo“.
Славеничката поворка ќе се вози од Историскиот музеј на Alfa Romeo во Арезе и ќе биде вистински дар за италијанската марка, којшто ќе влезе во колективното сеќавање на класиката од Бреша. Оваа година на трката ќе присуствуваат неколку скапоцени автомобили на Alfa Romeo од времето – моделите 6C 1500 SS, 6C 1750 GS, 1900 SS и 1900 Sport Spider – вообичаено изложени во Музејот и кои се дел од колекцијата на FCA Heritage, оддел на Групацијата посветена на историското наследство на италијанските брендови, дел од Групацијата FCA.
Како продолжение на овие раритети од времето, флота од 30 примероци, меѓу кои и Giulia и Stelvio, кои марката ќе ги стави на расаполагање на организацијате, ќе бидат официјални возила на Mille Miglia (Илјада милји) 2018. Тоа е најдобар показател колку е големо влијанието на fil rouge (црвената нишка) која ги поврзува минатото и сегашноста. Да се патува со овие автомобили е оригинален начин да се доживее оваа трка и истовремено да се открие спортската легенда Alfa Romeo, искуство кое ќе стане уште посилно зад воланот на Stelvio Quadrifoglio или Giulia Quadrifoglio, максималниот израз на новата генерација Alfa Romeo, се издвојува со митската четирилисна детелинка која уште од 1923 ги краси најмоќните автомобили на италијанската марка.
