Alfa Romeo Logo

Модели

MonzaDays 2020 – Денови на Монца 2020: a scuola di pit-stop во Музејот на Алфа Ромео


  • Време е за Големата Награда на Монца. За да се прослави врската помеѓу патеката и брендот, Музејот на Алфа Ромео организираше богата програма на средби со обожавателите.
  • Тема на Денови на Монца 2020 ќе биде Формула 1 и особено пит-стопот, во една поинаква средба на минатото со иднината, co тимот на Алфа Ромео Рејсинг ORLEN и местото каде алфистите ќе можат да присуствуваат на вистинска замена на гумите.
  • Тука се автомобилите од славното минато изложени во Музејот, како и поставката C39 кои учествуваат во шампионатот 2020 во Формула 1; тука се и Giulia GTA и концепт автомобилот
  • На внатрешната иста во Арезе ќе има паради со автомобили на обожавателите кои ќе имаат можност да се разгледа и „скриената“ колекција на Алфа Ромео.

За време на одржувањето на ГН на Италија, во Музејот на Алфа Ромео стапуваја на сцена Деновите на Монца 2020 за да се прослави заедно со обожавателите историската врска помеѓу марката и патеката. Формула 1 е доминантна тема во идеална врска помеѓу минатото и сегашноста. Можност за директно учество на макси екранот во салата Џулија, на квалификациите на ГН и на самата Голема награда на Италија, опкружени со автомобили кои ја испишаа историјата на автомобилизмот, но и со оние кои се изложени на поставката C39 Алфа Ромео Рејсинг ORLEN кои се натпреваруваат во шампионатот 2020, како и со самата Giulia GTA.
Во саботата веднаш по квалификациите, се опдржа конференција за печат во Бекстејџ циклусот, со тема продлабочување на историската страница на Алфа Ромео, онаа на која моторот со 4 цилиндри турбо, мотор кој долго време се пробува , но никогаш не се нашол во трка, и го исполнува договорот со тимот на Ligier.
Во неделата на 6 септември, во живо, веднаш по одржувањето на трката за Големата награда на Италија се одржа “Пит-стоп, предизвикот на боксовите”, конференција во соработка со тимот на  Алфа Ромео Рејсинг ORLEN кој предлага ново издание на средба помеѓу минатото и сегашноста. Што се крие во пит-стопот? Како се движи тимот на Формула 1 во оваа френетична и страствена временска рамка која може да го реши резултатот на трката? И најмногу од сè, како е сменета процедурата од 1950 до денес? За денешниот пит-стоп зборуваа техничарите на тимот на Алфа Ромео Рејсинг ORLEN: Алесандро Агансати, системски инженер, присутен во Музејот и Xevi Pujolar, одговорен за Track Engineering, поврзани со автодромот во Монца. Имаше и ексклузивни видеа и вредни сведоштва на Beat Zehnder, Sporting Director, и Camilo Zürcher, Car chief Giovinazzi.
Од сезоната 2020 се враќавме наназад сè до 1950, кога не постоеја пиштоли со компресивен воздух за одвртување на големите штрафови и кога тимот на  Алфа Ромео беше составен од само три лица. Способни, како што раскаќува кураторот во Музејот на Алфа Ромео, Лоренцо Ардицио, да направат пит-стоп за само 22 секунди.
Вљубениците имаа можност во живо да експериментираат со замената на гумите, благодарение на Пит-стоп доживувањето кое го овозможи Алфа Ромео Рејсинг ORLEN. Посетителите можеа да учествуваат во оваа игра на тимови, со мерење на времето и во саботата и во неделата. Бројот на учесниците беше ограничен согласно безбедносните норми.
Големото затворање се одржа во неделата во 19 часот со директен пренос од салата Џулија,во Музејот на “Race Anatomy”, програма за подобро запознавање на пост случувањата на ГН на Sky Sport F1.
За време на изминатиот викенд на внатрешната писта во Музејот беше на располагање домот Алфа Ромео, пред кој можеа да продефилираат автомобилите на Алфа Ромео од сите епохи и сите модели во специјалните паради.
Сите активности – конференции, проекции, пит-стоп доживувања, парадите беа бесплатни и вклучени во билетот за влез во Музејот. Поради здравствените ограничувања, бројот на местата беше намален, поради што беше потребно да се закаже термин на е-маил адресата info@museoalfaromeo.com. Исто така во време на викендот од 10.00 до 18.00 часот, со претходна резервација, можеше да се посети изложбениот простор Колеционе каде се изложени стотина автомобили, мотори, трофеи и останати материјали кои не се изложени во постојаната поставка на Музејот.
Музејот на Алфа Ромео е среден така што може да прими посетители во серија, согласно мерките за заштита, ставајќи го на прво место здравјето на посетителите и на вработените.

Алфа Ромео и Монца: долга историја на успеси
Алфа Ромео победи на Големата награда Tipo P2 во Аскари во 1924 и за прв пат во 1925 го освојува Првиот Шампионат во светот за автомобили Големата награда: Гастоне Брили Пери, зад воланот на GP Tipo P2 го освои првото место заопкружувајќи ги двегодишните непрекинати победи и поставувајќи ја Алфа Ромео на врвот, поставувајќи круна на сите кои се околу марката. На автодромот во Монца се редат трки и победи една по друга, се множат предизвици: од Големата награда на Италија во 1931 на која Кампари и Нуволари ја носат 8C 2300 до триумф (автомобилот е прекрстен во “Monza”) до успесите на Нуволари и Карачола кои во 1932 доминираат на патеката во околината на Брианца за Големата награда на која дебитираше GP Tipo B, која наредната година ја освои наградата. Во периодот после војната, на првите два шампионати доминираат Alfetta во новонастанатата Формула 1 и Големата награда на Италија со што се воспостави нова етапа која воедно е и одлучувачка: во 1950 Фарина победува со GP Tipo 158. Во  1952 Алфа Ромео, непобедена, се повлекува од Ф1, но автомобилите Sport и Turismo продолжуваат да победуваат на трките. Во Монца, првата победа ја остварува Giulia TZ, а тука се надоврзува 4 Ore, кои се истовремено и предвесници на непобедливите GTA и 1000 Km. Ôдот на Tipo 33 кон светската титула во 1975 започна токму во Монца, претходната година, со тројната победа на 33 TT12 пред домашната публика.

12345
Ви треба информација? Разговарајте со нас