НОВИТЕ GIULIA И STELVIO QUADRIFOGLIO 100º ANNIVERSARIO: ЛЕГЕНДА ШТО ТРАЕ ОД 1923

 

Alfa Romeo претставува Quadrifoglio 100° Anniversario Special Series: ограничено издание на автомобили кои ќе се произведат 100 по модел за да се оддаде признание на драгоцената историја на најспортските верзии на Giulia и Stelvio.

 

15-ти април 1923 година е денот кога легендарниот симбол на четирилсна детелинка Quadrifoglio за прв пат се појави на Alfa Romeo RL: автомобил којшто го возеше италијанскиот возач Уго Сивочи, познат под прекарот “Вечно вториот”. Така беше сè до тој ден, кога победи на XIV издание на трката Тарга Флорио.

 

Денес, Quadrifoglio значи многу повеќе од среќа: тоа е ознака за посветеност, внимание за секој детаљ, жртвување, смелост и перформанси. За да се потсети на оваа славна историја, марката се враќа назад, онаму каде што оваа инспиративна приказна започна: Сицилија, совршеното претставување на она што значи италијанска “Прекрасна убавина” и “Made in Italy”.

 

Низ овие 100 години, Alfa Romeo се фокусираше на квалитетот на изработката и посветуваше внимание на секој детаљ, за да постигне техничка извонредност. Quadrifoglio Special Series е резултат на ова темелно истражување. Giulia и Stelvio Quadrifoglio 100º Anniversario се опремени со моторот 2.9 V6 со 520 КС и со новиот механички диференцијал со ограничено пролизгување.

 

И не само тоа, ова ограничено издание станува уште поексклузивно со неговите посебни карактеристики: предни светла Full-LED Adaptive Matrix 3+3, заден дел на надворешните странични ретровизори од карбонски влакна и ново, посебно изработено лого, со златни нијанси, дело на Стилскиот центар, поставено на браникот, на шепите и елегантно извезено во внатрешноста.