Alfa Romeo Logo

Модели

Светска премиера на Alfa Romeo Stelvio


  • На Саемот на автомобили во Лос Анџелес е претставен првиот SUV на италијанската марка во верзија на Quadrifoglio.
  • “Meccanica delle emozioni” изразени во SUV кој плени со својот дизајн, перформанси, технологија и автеничност на Alfa Romeo.
  • Stelvio е назив кој потекнува од највисокиот планиски врв во Италија
  • Вистински италијански стил во смисла на пропорции, естетика и квалитетни површини.
  • Претставениот модел го има во себе моќниот мотор 2,9 V6 biturbo бензин со 510 КС
  • Интегрален пренос со Q4 технологија за контрола на мотористиката во секој момент.
  • Авангардни технички солуции меѓу кои вреди да се напомене Torque Vectoring за идеална контрола на мотористиката како и Integrated Control System за намалување на растојанието на сопирање.
  • Воодушевувачко искуство во возењето со потпирање од типот на
  • AlfaLinkTM, и идеална распределба на маса/моќност.
  • Во комплетната гама на мотори понудени кај Stelvio, вреди да се истакне 2.0 Turbo бензин со 280 КС со автоматски осумстепен менувач.

На светскиот саем на автомобили во Лос Анџелес е претставен првиот SUV од верзијата  Quadrifoglio припадник на марката  Alfa Romeo наречен Stelvio.

Создаден во ексклузивниот инженерски центар во Модена, овој SUV Stelvio ќе се произведува во целосно обновената фабрика во Касино чиј дел е целосно посветен на новите модели на Alfa Romeo. Карактеристики на спортска берлина Giulia преточени во новите стилистички карактеристики, спортскиот дух и технологијата на Stelvio.

161116_alfa_romeo_stelvio_quadrifoglio_02

Стил кој импресионира со својата убавина и совршените линии  

Димензиите на Stelvio го рангираат во компактни автомобили, со изразена моќ и динамичност: 4,68 метри должина, 1,65 метри висина и 2,16 метри ширина.

Кај верзијата Quadrifoglio претставена во Лос Анџелес се истакнуваат карбонатни вметоци со цел да ја акцентираат неговата спортска архитектура.

Карактеристичните браници и полумесечини над премините на тркалата како и бојата на каросерија го идентификуваат Stelvio Quadrifoglio како спортска берлина но и традиционален SUV во својот сегмент.

Третата карактеристика на Alfa Romeo е примена на креативни процеси при дизјанирање на овој автомобил каде на прв план се истакнува типично италијанска рафинирана елеганција на формите.

На ист начин, неговиот изглед на задниот дел е препознатлив со четирите издувни цевки легендарни симболи на марката Alfa Romeo.

Спортскиот адут се препознава и во ентериеорт на SUV Stelvio, целосно  дизајниран околу возачот со бројни и мали команди на воланот идеално адаптирани на неговиот стил на возење.

Во целината на возачкото место се вбројува и дијагонална конзола како и заоблена командна табла. Во патничиот простор се воочува рачната изработка на ексклузивни карбонатни материјали или пак елементи во дрво прецизно вградени  за да понудат екслузивна хармоничност.

161116_alfa_romeo_stelvio_quadrifoglio_03

Извонредни перформанси на бензинскиот мотор 2.9 V6 BiTurbo 510 КС

Она што навистина ги издвојува автомобилите на Alfa Romeo се секако неговите бензински мотори со оригинална технологија и воодушевувачки перформанси: 2.9 V6 BiTurbo 510 КС комплетиран со автоматски менувач со осум степени.

Шесте цилиндри на Quadrifoglio, Stelvio се на располагање и кај останатите мотори меѓу кои се вбројува бензинецот 2.0 Turbo 280 КС исто така со автоматски менувач со 8 степени. Електро-хидрауличен систем на активирање на вентилите MultiAir, систем на натнапојување “2 во 1” како и директно вбризгување под висок притисок од 200 bars. Овие податоци се преведуваат со брз и чист одговор на забрзување при секакви режими и особена ефикасност во симсла на потрошувачка.

Alfa™ DNA Pro

Stelvio Quadrifoglio го има во својата понуда новиот селектор Alfa DNA Pro за промена на динамичното однесување на возилото според желбата на возачот со помош на следните програми: Dynamic, Natural, Advanced Efficiency (за заштеда на гориво) и Race (за оптимални перформанси на патеката).

Интегрален пренос со технологија Q4 

Stelvio Quadrifoglio е опремен со интегрален систем на пренос Q4 за управување и контрола на возилото во реално време со цел да обезбеди оптимално ниво на перформанси, ефикасност и безбедност.

Системот Q4 се состои од куќиште со активен трансфер и диференцијал напред за да ги задоволи техничките побарувања на Alfa Romeo и да обезбеди високо ниво на максимален вртежен момент како и екстремно динамично возење со технологијата на активна спојка.

Alfa™ Torque Vectoring

Технологијата Torque Vectoring, за првпат е во комбинација со интегралниот пренос Q4, и има за цел да ја оптимизира мотористиката на Stelvio Quadrifoglio и да го изрази неговиот спортски карактер.

Потпирање со ексклузивната технологија AlfaLink™

Системот на амортизирање се состои од електрично управувани амортизери кои моментално се адаптираат на условите на возење и се одлучуваат за однесување кое повеќе ќе се однесува на перфоманси или пак на комфор.

Integrated Brake System (IBS) и карбо-керамични дискови

Ексклузивитет на марката Alfa Romeo  за првпат применет кај Giulia, овој иновативен вграден систем на сопирање Brake System (IBS) е дел и од Stelvio Quadrifoglio. Станува збор за електромеханички систем кој ја комбинира контролата на стабилноста со традиоционалнмата сервосопирачка и гарантира моментален одговор за сопирање и рекордно растојание на целосно запирање .

Alfa™ Chassis Domain Control

Chassis Domain Control (CDC) е “мозокот” на Stelvio и ја координира целокупната електроника. Овој систем управува со повеќе уреди од типот на новиот селектор Alfa DNA Pro, интегрален пренос Q4, Alfa™ Torque Vectoring, активните потпирања и ESC.

 

161116_alfa_romeo_stelvio_quadrifoglio_01
Ви треба информација? Разговарајте со нас