Alfa Romeo Logo

Модели

Tрета победа по ред за Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio со наградата “Car of the Year 2020” на списанието “What Car?”


  • Трета година по ред Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio ја осовјува наградата во категоријата “Performance Car of the Year” на списанието “What Car?” во рамките на “Car of the Year 2020”.
  • Giulia Quadrifoglio е опремена со ексклузивниот мотор Alfa Romeo V6 Bi-Turbo од 2,9 литри.
  • За дополнителни информации за повеќепати наградуваната гама на Alfa Romeo Giulia, посетете ја веб страницата www.alfaromeo.it.

Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio ја освои повторно е наградена и прогласена за “Performance Car of the Year” од страна на списанието “What Car?” во рамките на “Car of the Year 2020”. Легендарната “quadrifoglio” уште еднаш покажа дека е скапоцена амајлија, затоа што Giulia ја победи острата конкуренција во сите позиции на цената и се најде на врвот во категоријата.

Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio го убеди тимот на експерти на “What Car?” благодарение на комбинацијата помеѓу динамиката на возење, најдобра во категоријата и извонредниот мотор од алуминиум, моќен и повеќенаменски кој прави да се прилагоди и на секојдневна употреба.

Стив Хантингфорд, директорот на “What Car?” го објасни изборот на Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio, на следниов начин: “Трета година по ред, Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio е “Performance Car of the Year” на “What Car?”, поради извонреди причини. Добар дел од нејзината привлечност доаѓа од моторот V6 Bi-Turbo од 2,9 литри, изработен од инжењерите на Ферари. Како и да е, и покрај ефективната моќност од 510 КC и предниот погон, не се работи за нескротлив автомобил. Погонот е одличен, во секакви атмосферски услови, а движењето е постојано флуидно и овозможува удобно возење на долги релации, правејќи ја Giulia автомобил со високи перформанси којшто може да се вози секојдневно”. Моторот со 510 КC и 600 Nm му овозможува да достигне максимална  брзина од 307 km/h и да забрзува од 0 до 100 km/h за само 3,9 секунди.

Арно Леклерк, директорот на FCA UK, прооментира: “Да се освои оваа награда трета година по ред е доказ за квалитетот на извршената работа при создавањето на Giulia Quadrifoglio, која се потврдува, година по година како автентичен супер автомобил”.

За дополнителни информации за повеќепати наградуваната гама на Alfa Romeo Giulia, посетете ја веб страницата www.alfaromeo.it.

3cb859739b67c01cb75956ea1cfe43cd59308491