Уште една тројна победа за Алфа Ромео на Конкурсот “Најдобри брендови” на Ауто Билд
Читателите го избраа дизајнот на моделите Giulia, Stelvio и Giulietta за најубав во соодветните класи на автомобили. Трети пат по ред, дизајнот на Алфа Ромео го освојува првото место во категориите “компактен автомобил”, “средна класа” и “Компактни SUV возила”
Дизајнот на Алфа Ромео ги одушевува германските вљубеници во автомобилите. Читателите на списанието Ауто Билд ги прогласија моделите на Алфа Ромео, Stelvio, Giulia и Giulietta за победници на конкурсот “Најдобри брендови” во категоријата “Дизајн” за соодветните класи на возила. Како и во 2017 и 2018, Алфа Ромео Stelvio е првонаградениот модел за најдобар Дизајн помеѓу “Компактните SUV возила”. И дизајнот на спортската лимузина Giulia на Алфа Ромео ја прослави својата трета победа по ред во категоријата на “средни возила”. Конечно Алфа Ромео Giulietta одново го освои првото место со најубавиот дизајн во класата на “Компактни возила”.
Клаус Бусе, директор за дизајн за регионот на EMEA изјави: «Особено сум задоволен од овој повторен успех, којшто уште еднаш ги опфаќа трите различни категории на возила и покажува дека дизајнот на Алфа Ромео совршено функционира на целата гама на автомобили».
На ова осмо издание на конкурсот “Најдобри брендови”, читателите на хартиените и дигиталните изданија на Ауто Билд беа повикани да ги оценат кандидатите во различни сектори во автомобилскиот свет. Во категоријата на автомобили читателите можеа да одберат помеѓу 38 големи марки, поделени на различни категории, од компактни автомобили до кабриолети и SUV возила. На конкурсот учествуваа повеќе од 63.000 читатели.
