Alfa Romeo Logo

Модели

Златен волан 2016 : Alfa Romeo Giulia е “најубав автомобил на годината”


Во рамки на познатата награда за “Златен волан”, новата Alfa Romeo Giulia го доби најубавиот трофеј: за најубав автомобил на годината 2016. Оваа особено важна награда која за првпат ја добива Alfa Romeo се надоврзува на долгата листа меѓународни награди на оваа нова спортска италијанска лимузина.

Оваа награда е доделена од читателите на Bild и Bild am Sonntag како и од 29 автомобилски експерти, меѓу кои вреди да се напоменат светските шампиони во рели Walter Röhrl и Sébastien Ogier, шампионот во DTM Mattias Ekström и дизајнерот Andrea Zagato.

Дизајниран во центарот за стил на Alfa Romeo, фасцинантната Giulia е симбол на италијанскиот естетски дизајн, хармонични пропорции, чистокрвен стил, висококвалитетни материјали, примена на алуминиум, дрво и кожа во ентериерот.

Оваа награда се доделува секоја година од 1976 и тоа во седум различни категории. Во 2011, наградата «Златен волан” ја доби повторно марката Alfa Romeo за маркетиншката кампања ”Je suis Giulietta”, во 2000 за моделот Alfa Romeo 147 а во 1995 за своето coupé GTV.

 

161109_alfa-romeo_giulia-quadrifoglio_slider
Ви треба информација? Разговарајте со нас