Alfa Romeo бележи најголем пораст на продажбата во 2023 година меѓу премиум марките на светско ниво

  • Во топ 15 од главните премиум марки, Alfa Romeo е марката која бележи најсилен раст на глобално ниво во 2023 година.
  • Alfa Romeo ја затвора 2023 година со солиден пораст на глобалните резултати од продажбата, чија вкупна бројка изнесува +30%.
  • Во Европа продажбата на марката порасна за 46%.
  • Регионот на Блискиот Исток и Африка се потврдува како област која најмногу расте: +74%.
  • Позитивно придонесува и регионот Индија Азија Пацифик со зголемување на продажбата од +7%.
  • Во САД и Кина марката поставува цврсти основи за раст. Во САД, резултатите во однос на квалитетот се извонредни: во 2023 година Alfa Romeo го зазеде првото место меѓу премиум марките и третото во индустријата, според JD Power 2023 U.S. IQS (Иницијална студија за квалитет).
  • Поттикната од извонредните резултати од 2023 година, марката стабилно продолжува според планот за производство претставен во 2021 година, со 1 нов модел секоја година.

Жан Филип Импарато | CEO на Alfa Romeo:

“Податоците за раст се во совршена согласност со целите што ги поставивме за 2023 година. Да се биде врвна марка што расте најмногу меѓу најдобрите светски конкуренти може само да нè прави горди и да претставува резултат на јасна и стабилна стратегија за нас. Тоа е потврда на фактот дека брзо го реализираме долгорочниот план што го утврдивме и најавивме во 2021 година: нов производ секоја година, со многу висок фокус на квалитетот. Дисциплината и брзината во извршувањето на нашата стратегија се од суштинско значење за повратниот одговор на пазарот што брзо се развива.”

Одличните комерцијални перформанси кои ги постигна Alfa Romeo во 2023 година ја ставаат Марката на врвот на премиум секторот. Во глобалното рангирање на топ 15 премиум марки (со исклучок на сегментот 100% BEV), Alfa Romeo се издвојува како марка која најмногу расте од година во година. Резултат кој нè исполнува со гордост, резултат на стабилноста и дисциплината во спроведувањето на планот за производство претставен во 2021 година. Профитабилноста, максималните стандарди во однос на квалитетот и усогласеноста со планот се всушност камен-темелници на глобалната стратегија на италијанската марка која со силен фокус на зајакнување на глобално ниво има за цел да го консолидира своето присуство во сите региони во светот.

На глобално ниво во 2023 година продажбата порасна за +30%, а Европа доживеа силен и постојан пораст од +46%. На чело на постигнувањата во регионот е Италија +73%, следи Германија +71%, па Белгија +62,0%, Франција +20%, Холандија +78%, Швајцарија +20%.

Блискиот Исток и Африка сè уште се регион со најголем раст, со +74% поддржани од турскиот пазар +155%. Регионот Индија Азија Пацифик, исто така, придонесува со зголемување на продажбата од + 7%, каде што, во 2023 година, Alfa Romeo го консолидираше своето присуство во Сингапур и Хонг Конг.

Во Северна Америка, дебито на Tonale во септември беше дочекано со големо одушевување. Америка е секако континент со голем потенцијал, а цврстата основа за раст на продажбата лежи во сензационалните резултати во квалитетот, пријавени од секторското истражување, IQS (Initial Quality Study), спроведено од JD Power, глобален лидер во студиите за потрошувачи, консултантски услуги и анализа на податоци и услуги. Всушност, според истражувањето, постојат докази за извонредниот резултат кој го оствари Alfa Romeo, марка која бележи јасно подобрување во однос на 2022 година. J.D. Power ги интервјуираше клиентите на Alfa Romeo 90 дена по купувањето и ги следеше сите проблеми што се појавија на 100 возила (PP100) за да ги оцени перформансите на марката.

Alfa Romeo се позиционираше на највисокото скалило на подиумот меѓу премиум брендовите и на третото место во индустријата. Во споредба со претходната година, Alfa Romeo се искачи за 24 позиции во 2023 година - најдобри перформанси за раст според IQS за годината која штотуку заврши.

Со истиот ентузијазам, Alfa Romeo се фокусира кон кинескиот регион за да ги искористи сите можности што оваа област ги нуди на брендот кој е обожуван на Истокот. Со доаѓањето на Tonale, понудата сега е комплетирана, што е идеален услов за пораст на продажбата.

 

Извор: Stellantis analytics, based on official public registration data coming from countries