УСЛУГА ЗА ПОМОШ НА ПАТ

ПРЕМИУМ ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ

ALFA ROMEO нуди услуги за поддршка (во долунаведените земји и согласно методите кои важат во истите) за време на целиот период на времетраење на гаранцијата на возилото. Клиентот може да ја користи услугата само доколку настанот се случи во важечкиот гарантен рок од договорната гаранција и под услов возилото редовно да ги врши предвидените сервиси наведени, потврдени во Сервисната и Гарантна книшка доставена со возилото (наведени и во Упатството за употреба).

 

Помош на пат / ( мобилна работилница/сервис): на лице место;*

 

Влечна служба/ шлепување: до најблискиот овластен сервис;*

 

Заменско возило: до 4 дена, услугата може да се продолжи само со одобрение добиено од страна на овластен сервис;*

 

Трошоци за продолжување на патувањето:

-          јавен транспорт, воз или авион од економска класа доколку растојанието надминува 500км;*

-          Услугата не е достапна за дефекти предизвикани од корисникот и истата не може да се комбинира со услугата заменско возило;*

Tакси: до максимум 120 евра во денарска противвредност. Услугата не е достапна за дефекти предизвикани од корисникот;*

 

Враќање дома: јавен транспорт, воз или авион од економска класа доколку растојанието надминува 500 км;*

 

Услугата не е достапна за дефекти предизвикани од корисникот и истата не може да се комбинира со услугата заменско возило;*

Хотелско сместување: Максимум 4 ноќи во хотел до 4 ѕвезди и максимален износ од 1000 евра;*. Услугата не е достапна за дефекти предизвикани од корисникот и не може да се комбинира со услугата заменско возило;

 

Преземање на поправеното возило: во максимален износ до трошоците на патен превоз на корисникот или негов возач во еден правец за самојстојно преземање на возилото, за преземање на возилото е достапен јавен транспорт,воз или авион доколку растојанието надминува 500 км.* Оваа услуга не може да се комбинира со услугата Заменско возило; *

 

Преземање на непоправено возило во странство: Услугата е достапна само во случај доколку возилото не може да биде поправено во рок од 5 работни дена и тоа исклучиво во Овластен сервис каде што било првично пренесено.*Оваа услуга следи само во случај на механички или електронски дефект на возилото. Не важи за дефекти предизвикани од корисникот на возилото или пак сообраќајна незгода;*

 

Информативна служба: телефонските броеви за контакт на информативната служба се дадени во оваа брошура.



Бидете подготвени да ги дадете следниве информации на Центарот за повици на ALFA ROMEO:

-          прецизна локација на возилото: градот, името и бројот на улицата, бројот на патот и делницата, визуелна ознака и друго;

-          податоци за возилото: бројот на регистрација или идентификацискиот број на возилото (VIN / број на шасија) што може да се види на сообраќајната книшка или на долната лева страна од ветробранското стакло (од надворешната страна на возилото);

-          вашиот мобилен телефонски број за да може советникот за помош на пат да контактира со вас;

-          бројот на патници во возилото.

 

УПАТСТВО ЗА ПОСТАПУВАЊЕ

Службата за помош на клиенти е достапна 24 часа на ден, секој ден во годината.

Доколку имате потреба од услугите кои се обезбедени, треба да се јавите на телефонскиот број подолу:

За марката ALFA ROMEO

+389 23 181 366

ПОМОШ НА ПАТ

24 часа на ден

7 дена во неделата