ПРАВНИ ЗАБЕЛЕШКИ

Услови за користење на страницата

Пристапот до оваа веб-страница alfaromeo.mk подразбира прифаќање на долунаведените одредби и услови. Овие одредби и услови може да се ажурираат и/или изменат во секое време и по желба на Stellantis Europe S.p.A  ( во натамошниот текст „Stellantis Europe“) без никаква потреба за тоа да бидат известени корисниците.

 

Пристап до веб-страницата и користење на нејзината содржина

Stellantis Europe не презема никаква одговорност, од каков било вид, во врска со пристапот на корисниците до веб-страницата или нивната употреба на нејзината содржина.

 

Содржина на веб-страницата

Сите содржини на веб-страницата (вести, фотографии,
видеа, звуци, заштитни знаци, логоа, имиња на домени, апликативен софтвер, графички распоред, техничка документација и прирачници итн.) и правата кои произлегуваат се задржани. Затоа, овие содржини може да се консултираат исклучиво за цели на лични информации, а секоја друга употреба е изрично забранета без претходна писмена согласност од Stellantis Europe.

Иако се користи разумно внимание при собирањето и презентирањето на информациите содржани на оваа веб-страница, не се дава никаква гаранција во врска со нивната точност, комплетност, корисност или нивната можна употреба од страна на корисниците; затоа Stellantis Europe изрично исклучува каква било одговорност за грешки, неточности или пропусти во врска со наведените податоци.

Некои страници на веб-страницата може да содржат
информации во врска со идните планови и намери, кои се опишуваат од време на време преку употреба на термини како што се „се очекува“, „се проценува“, „се предвидува“, „проспект“ и „план“. По својата природа, ваквите изјави не вклучуваат никаква обврска од страна на Stellantis Europe, која пак затоа не презема никаква одговорност за нивното спроведување.

 

Интелектуална и индустриска сопственост

Сите содржини на веб-страницата - вклучувајќи ги заштитните знаци споменати или репродуцирани на веб-страницата, дизајните и патентите кои се однесуваат на производите на веб-страницата  подлежат на правилата за авторски права и други прописи кои се на сила, а се однесуваат на заштита на интелектуалната и индустриската сопственост и затоа, се забранува нивно репродуцирање, менување или користење, во целост или делумно, без претходна писмена согласност од Stellantis Europe или нејзините овластени страни.

 

Производи и цени

Информации и слики - вклучувајќи ги тука и боите на производите - кои се однесуваат на опремата, изгледот, перформансите, димензиите и тежините, цените, потрошувачката на гориво, оперативните трошоци итн. кои се однесуваат на производите наведени на оваа веб-страница се предмет на континуирано ажурирање и можат да прикажуваат додатоци и опрема која се добива по барање, односно не се дел од стандардната опрема. Затоа, овие податоци треба да се сметаат за чисто индикативни и подложни на грешки или неточности.

Stellantis Europe може, во секое време, по своја волја, да направи структурни или формални промени на возилата прикажани на веб-страницата или на нијансите на боите или стандардната опрема на возилото.

Цените наведени на веб-страницата не се обврзувачки бидејќи тие се само препорачани од Stellantis Europe до нејзината дистрибутивна мрежа.

За ажурирани и навремени информации за производите и цените наведени на веб-страницата, Stellantis Europe ги повикува корисниците да контактираат со нивните овластени продажни места и дилери.

 

Одговорност

Stellantis Europe не презема никаква одговорност за информациите и укажувањата содржани на страниците на страницата. Поточно, истите не содржат ветување кое се подразбира или гаранција во врска со составот, соодветноста за одредени цели на Производите или непрекршување од самите производи, на закони или патенти. Некои линкови до други страници на мрежата може да се појават на нашата веб-страница. Во таков случај Stellantis Europe нема влијание врз конфигурацијата, достапноста, пристапноста и содржината на страниците поврзани со оваа веб-страницата преку линкови и ништо не ја гарантира актуелноста, точноста, комплетноста или квалитетот на информациите содржани на страниците до кои водат тие линкови.

Stellantis Europe не може да се смета за одговорна за
каква било штета, директна или индиректна, вклучително и губење на профит, што произлегува од употребата или неможноста да се користи веб-страницата и нејзината содржин, или страниците поврзани со неа директно или индиректно, како и за пропусти или грешки.

 

Интелектуална сопственост на трето лице

Оваа веб-страница е управувана од страна на Stellantis
Europe. Stellantis Europe ги почитува правата на интелектуална сопственост на трето лице. Некои материјали на веб-страницата може да бидат објавени и достапни на веб-страницата од трети страни без овластување на Stellantis Europe. Политиката на Stellantis Europe не дозволува трајност на материјалите што ги
прекршуваат правата на трети страни и сметките на корисниците кои ги прекршуваат овие права ќе бидат избришани, откако Stellantis Europe ќе дознае за соодветната повреда.

Ако корисникот верува дека некој од материјалите на веб-страницата ги прекршува неговите права, потребно е тој да испрати белешка до Stellantis Europe што ќе ги содржи следните информации:

i. идентификација на повреденото право или, во случај на повеќе повреди, список на сите откриени повреди;

ii. идентификација на материјалот содржан на веб-страницата што ги прекршува гореспоменатите права и кои сакате да ги отстраните или оневозможите, придружени со информации за да може Stellantis Europe да го идентификува предметот на повредата/повредите;

iii. податоците потребни за контактирање со сопственикот на повреденото(ите) право(а), вклучувајќи адреса, телефонски број и, доколку е достапна, адреса на е-пошта;

iv. изјава во која се наведува дека употребата на предметниот материјал не е овластена од сопственикот на правата, неговите претставници или законски застапници;

v. изјава во која се наведува дека информациите доставени до Stellantis Europe се точни и, имајќи предвид дека ќе бидат направени кривични санкции во случај на лажна изјава, дека поседувате овластување да продолжите во име на носителот на повреденото(ите) право(а);

vi. вистински или електронски потпис на лицето овластено да постапува во име на сопственикот на повреденото(ите) право(а).

 

Горенаведената белешка мора да се испрати по препорачана
пошта на следната адреса:

 

STELLANTIS EUROPE S.p.A.

c.a. Alfa Romeo Digital Marketing

Corso G. Agnelli, 200

10135 Torino, Italia

 

Законски одредби и надлежен суд

Без предрасуди за какви било права што корисниците ги уживаат врз основа на различни - национални или интернационални прописи, овие услови за користење на веб-страницата се предмет на италијанскиот закон и ќе се толкуваат во согласност со истиот (со исклучок на неговите правила за судир на законите ), вклучително и секој спор во врска со постоењето, валидноста и ефективноста на овие услови за користење на веб-страницата и кој било друг договор што се однесува на нив.

Во рамките на горенаведеното, надлежен суд за решавање на спорови за кој било спор што ќе се појави во врска со овие услови за користење на веб-страницата, како и кој било друг договор што се однесува на нив, ќе биде Судот во Торино.