MOPAR

Mopar® е референтна марка за услуги, грижа за корисници, оригинални резервни делови и автентични додатоци на групацијата Stellantis.

Задачата на  Mopar® е да им обезбеди на купувачите на Alfa Romeo одлично искуство при користење на нивните возила, ставајќи им го на располагање целокупното знаење и лидерската позиција во секторот на послепродажба.

Mopar® се грижи за возилото од моментот кога ќе излезе од продажниот салон, гарантирајќи му на сопственикот асистенција на највисоко ниво која произлегува од авангардната технологија, иновативни производи, оригинални и квалитетни резервни делови и автентичните додатоци.