ALFA ROMEO TONALE

Почеток на новата ера на Alfa Romeo

TONALE

ОДЛИКИ КОИ ГО ИЗДВОЈУВААТ ОД ОСТАНАТИТЕ

Првиот хибриден мотор за Alfa Romeo

Технологијата NFT го меморира целиот животен век на автомобилот.

Опремен со најновите системи за помош при возење.

Опремен со технологијата Brake By Wire
 

Како да го избереш твоето Tonale

ПРОДАЖЕН САЛОН

Најди го најблискиот продажен салон или внеси ги твоите податоци за да добиеш понуда.

Како да го избереш твоето Tonale

ИЗБЕРИ ОНЛАЈН ОД ВОЗИЛАТА НА ЛАГЕР

Погледај ја онлајн понудата на возилата на лагер, достапни за испорака веднаш.

    

    
Надворешност
ФУНКЦИОНАЛНА УБАВИНА
Alfa romeo gallery exterior 1

Дизајн кој ги соединува и ги истакнува сите естетски карактеристики на ДНК-та на Alfa Romeo и уникатноста на италијанскиот дизајн, реинтерпретирајќи го на современ и функционален начин.
 

Alfa romeo gallery exterior 2

Карактеристичниот V штит на лебдечкото "Scudetto" се истакнува на централната позиција на предниот дел на твојот Alfa Romeo Tonale.

Alfa romeo gallery exterior

Full-LED адаптивните Matrix 3+3 предни светла создаваат уникатен потпис, верен на најчистата ДНК на Alfa Romeo.

Alfa romeo gallery exterior 3

20” «Teledial» алуминиумски тркала со црвени шепи на кочниците: дизајн кој на современ начин ја реинтерпретира темата на форма „телефонски бројчаник“ од тркалата на автомобилите од ‘60-те години.
 

Alfa romeo gallery exterior 4

Задните светла формираат синусоидна крива линија која се протега преку целиот заден дел на автомобилот, давајќи му навистина уникатен и препознатлив светлечки потпис.
 

Внатрешност
ВОЗАЧОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА НЕШТАТА
Alfa romeo gallery interior 1

Tonale е проектиран и конструиран така што постојано во центарот на нештата се поставува возачот, во каква и да е ситуација. Материјали од висок квалитет, скапоцена обработка и ексклузивно ретроосветлување на таблата кои создаваат идеална атмосфера за секое патување.
 

Alfa romeo gallery interior 2

Спортската и технолошка внатрешност на Tonale е развиена за да го издигне дожувувањето на возачот. Телескопската инструмент-табла „Cannocchiale”, класика со потпис Alfa Romeo, денес е со големина од 12.3”, комплетно дигитална и конфигурабилна со разни опции на екранот. Заедно со екранот на допир од 10.25” пружаат единствено возачко доживување каде коегзистираат страста и контролата.
 

Најсовремениот систем за информирање и забава со екран на допир од 10,25“ и со безжично пресликување благодарение на Apple CarPlay и Android Auto™ овозможува единствено доживување. Комплет со виџети коишто може да се прилагодат со помош на интуитивниот drag-and-drop систем.

12.3” “Cannocchiale” инструмент-табла со три изгледи: Evolved, Relax and Heritage. Изгледот Evolved е современ и есенцијален, Relax се фокусира на комфорот, додека Heritage е инспириран од иконските модели на марката.
 

Alfa romeo gallery interior 4

Ексклузивното амбиентално осветлување на таблата го носи изгледот на Alfa Romeo Tonale на едно ново ниво. Избери ја бојата која одговара на твоите емоции.

Премиум системот Harman Kardon со 14 звучници и сабвуфер, ти пружа неверојатно чувство на нуркање во богати тонови и вибрации при слушање на твојата плеј-листа

Технологија

Иновација во движење

Технологијата напредува брзо со Alfa Romeo: Tonale може да се пофали со систем од интегрирани дигитални услуги за да пружи најдобро искуство во возењето.
 

ДИНАМИКА ВО ВОЗЕЊЕТО

Перформанси, иновација и уживање во возењето: единствени чувства коишто може да ги пружи само Alfa Romeo. 

INTELLIGENT CONTROL

Камерите и радарот со сензори му помагаат на возачот да има поголема контрола зад управивачот

Креирај твое Tonale
Мотори

Ефикасни спортски одлики на марката.

Една единствена цел: да се осмислат спортските одлики за XXI век. Tonale нуди широка гама на мотори верни на ставот и смелоста на Alfa Romeo.

Hybrid 130 КС

Удобен и разноврсен:

•1.5-литарски турбо-бензинец

•130 КС вкупна моќност

•7-степен автоматски менувач

•Интегриран електричен мотор “P2”

Дизел 130 КС

Агилен, со силни перформанси:

•1.6 литри, дизел мотор

•130 КС вкупна моќност

•6-степен автоматски менувач со двојна спојка

•320 Nm максимален вртежен момент

ИЗЈАВА ЗА ИЗЗЕМАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

Потрошувачка на гориво на гамата Stelvio Quadrifoglio (l/100 km): 11,8; Емисии на CO2 (g/km): 267. Вредностите за одобрување на типот утврдени врз основа на комбинираниот циклус WLTP, хомологирани на 14.06.2023 година. Наведените вредности се за споредбени цели.

Димензии

Tonale е долг 4528 mm, широк 2082 mm со отворени надворешни ретровизори и висок 1693 mm.

Багажниот простор на Tonale нуди максимален капацитет од 500 литри во верзијата Mild Hybrid и со дизел мотор.

На располагање се алуминиумски тркала од 18", 19“ и 20".
 

Автентични додатоци - Authentic Accessories®
НАПРАВИ ГО ТВОЈОТ СТИЛ ЕДИНСТВЕН
mopar accessories

Деталите Authentic Accessories® by Mopar го прават твојот Tonale уште попрепознатлив.

BLACK PACK – ЦРН ПАКЕТ

Истакни го уште повеќе твојот Tonale со деталите во црна боја на Authentic Accessories® by Mopar. Од алуминиумски тркала од 20“, предна маска заден дел од ретровизорите, потоа сет од елегантни детали кои го прават Tonale автомобил кој го мами погледот. 

ТАБЛА

За уште поексклузивен изглед на таблата, Tonale нуди два типа на инсерти: од карбонски влакна со иконското лого Alfa Romeo или пак строгиот геометриски дизајн со апстрактно лого. 

СВЕТЛО ПРОЕКТИРАНО ПОД ВРАТАТА

Духот на Alfa Romeo сјае секојпат кога ќе се отвори вратата, благодарение на логото или натписот Alfa Romeo во бела LED светлина.

На располагање само за предните врати. 

РАЧКА НА МЕНУВАЧОТ

Рачката на менувачот во кожа со црвени шевови и извезено лого со висок квалитет, го подобрува „легнувањето на рака“ и ја нагласува убавината на внатрешноста на Tonale.

Само за верзии со автоматски менувач.

ПОДЛОШКА ВО БАГАЖНИКОТ

Подлошката во товарниот простор е изработена од термопластичен, нелизгачки материјал и го прекрива платото на багажникот.

Го сведува на минимум можното лизгање на предметите во багажникот и неговото оштетување. 

НОСАЧ НА ВЕЛОСИПЕД

Изработен од алуминиум, носачот на велосипед е идеален додаток за едноставно и безбедно превезување на велосипедот.*

*Само за еден велосипед. 

Финансиски услуги

РЕШЕНИЈА ЗА КУПУВАЊЕ

Пронајди ја понудата на финансиски услуги и производи достапни при купување на твојата Alfa Romeo.