Алфа Ромео Tonale, новиот „Пантер“ на полицијата

  • Во Стилскиот центар на Алфа Ромео во Торино, симболично беше предадена првата Алфа Ромео Tonale која ќе стане дел од возниот парк на Државната полиција.
  • На приморедавањето беа присутни Министерот за внатрешни работи, Матео Пиантедози, Шефот на полицијата, Виторио Пизани, управниот директор на Алфа Ромео, Жан-Филип Импарато и генералниот директор на Стелантис Италија, Санто Фичили.
  • Ќе бидат донирани 850 автомобили Алфа Ромео Tonale опремени со специфична конфигурација, наменети за итѕалијанските полициски станици за територијална контрола.
  • На тој начин се обновува историскиот спој меѓу Алфа Ромео и Државната полиција кој започна во далечните ’50 со 1900 Super TI speciale и продолжи низ годините со автомобилите на Алфа Ромео кои ја испишаа автомобилската историја како што се: Giulietta 1300, Giulia Super 1600, 33, 155, 159 и

Торино, 29 ноември 2023 – На патиштата пристигнува новата Алфа Ромео Tonale во боите на Државната полиција. Возилата на “Пантерa” имаат спортски и строг стил и набрзо ќе почнат да ги користат полициските станици за контрола на територијата. (Полицискиот возен парк на Италија е наречен „Пантерa“ - пантер, по црниот автомобил Ferrari 250 GTE доделен на маршалот од Сиракуза Армандо Спатафора, поради неговата агилност и предаторска брзина, слични на пантерот, за потоа, името да го преземат сите автомобили кои ги користи Државната полиција, меѓу кои и Алфа Ромео Giulia Super).

Во Стилскиот центар на Алфа Ромео во Торино, симболично беше предадена новата членка на Squadra Volante Летечкиот одред, првата Алфа Ромео Tonale. На настанот присуствуваа Министерот за внатрешни работи, Матео Пиантедози, Шефот на полицијата, Виторио Пизани, управниот директор на Алфа Ромео, Жан-Филип Импарато и генералниот директор на Стелантис Италија, Санто Фичили.

Опремени со хибриден бензински мотор со работна зафатнина од 1.500 cm3 со 163 КС, автоматски менувач со 7 брзини, балистичка заштита и некршливи стакла, како и со технолошкиот систем “Mercurio Extended”, кој се користи за забрзување на контролата за време на оперативните интервенции, автомобилите ќе бидат распоредени во Бироата за општа превенција и јавна помош при полициските станици и на главните полициски комесаријати, уште од овој декември.

Вкупно ќе бидат распоредени 850 автомобили, како дел од тендерот Consip од 2022 наменет за полициските сили и којшто го доби Стелантис, кои ќе станат дел од возниот парк на Државната полиција во првото полугодие од 2024.

На тој начин се обновува историскиот спој меѓу Алфа Ромео и Државната полиција кој започна во далечните ’50 со 1900 Super TI speciale и продолжи низ ’60 и ’70 години со иконските автомобили Giulietta 1300 и Giulia super 1600, потоа летечките азурно-бели Алфа Ромео 33 кои се појавија на италијанските патишта на почетокот на ’80, за да бидат заменети низ времето со Алфа Ромео 155, 159 и Giulia.