ALFA ROMEO освои нови награди во Швајцарија

  • На конкурсот „Best Cars“ кој го организира најзначајното швајцарско списание за автомобили Auto Illustrierte, земаа учество 455 автомобили, поделени во 13 категории.
  • Alfa Romeo доминираше со огромна предност, освојувајќи три трофеи со моделите Giulia, Stelvio и Tonale, како и прво место во категоријата „Дизајн/Стил“, а се најде на подиумите во категориите „Рекламирање“ и „Популарност“.
  • На тој начин, се зацврсти длабоката врска што ги обединува швајцарскиот пазар и марката на италијанското спортско благородништво.

И оваа година Alfa Romeo ги освои срцата на Швајцарците, освојувајќи неколку титули на 30-тото издание на „Best Cars Awards“, престижниот конкурс, каде читателите го искажуваат своето мислење за потесниот избор од 455 модели, поделени во 13 категории.

 

Читателите на Auto Illustrierte, најзначајното швајцарско списание за автомобили, воопшто не се двоумеа при доделувањето на неколку награди на Alfa Romeo, потврдувајќи колку е силна страсната врска помеѓу марката и швајцарската заедница, со доделувањето на признанијата на вредностите претставени од италијанската Премиум Марка.

 

Извонредна палета на освоени награди на Alfa Romeo: седми пат по ред, Giulia го освојува првото место во категоријата “Лимузини со средни димензии”. И Stelvio, веќе шести пат по ред, триумфира во категоријата "SUV со големи димензии/Теренец", додека пак Tonale ја освои својата втора титула, победувајќи ги конкурентите во категоријата “Компактен SUV/Теренец“. Или поточно кажано, од нивното лансирање на швајцарскиот пазар, моделите Giulia, Stelvio и Tonale, секоја година го освојуваат првото место во соодветните категории.

 

Како заокружување на сензационалната победа на премиум марката која расте од година во година, освојувањето на три други награди на конкурсот „Best Cars“, и тоа прво место во категоријата „Изглед/стајлинг“ и се најде на подиумите во категоријата „Рекламирање“ и за „Популарност“ на марката. 

 

Торино, 2 февруари 2024