Алфа Ромео се обраќа на Алфистите: Како да се вика?

 

Кое име ќе го носи следното градско спортско возило - Sport Urban Vehicle на Алфа Ромео?


Кажи го твојот предлог на официјалните канали на марката.

 

 

Со оглед на силната папочна врска со заедницата на обожавателите, Алфа Ромео ги повикува уште еднаш на акција, преку официјалните социјални канали на Алфа Ромео, сите Алфисти да дадат свој предлог за новото име на следниот автомобил на Бишоне.

 

Повеќе нема тајни за сегментот кој целосно ќе го опфати проектот на тимот на Алфа Ромео, наречен “Kid”. Називот Kid, што на англиски значи “дете”, наведува на тоа дека следниот автомобил на Алфа Ромео ќе биде спортско градско возило - Sport Urban Vehicle: “Kid” ќе ја комплетира на гамата, која денес се состои од лимузината Giulia, SUV Stelvio и компактниот SUV Tonale.

 

Алфа Ромео има намера да ги редефинира правилата на сегментот,  доверувајќи му на „Kid“ со улогата на „Game Changer“, оној што ќе ја промени играта. Во автомобилската панорама која брзо се развива и нуди широк избор во најпопуларниот сегмент на SUV, новиот предлог на марката ги редефинира сопствените амбиции, преку неговиот акроним: Спортската ДНК да биде протагонист во контекстот за градски автомобил.

 

Ако Tonale ја претстави “метаморфозата” на Марката пренесувајќи ја во светот на електрификацијата, со автомобилот во доаѓање, Алфа Ромео ќе дебитира со својот прв целосно електричен предлог, и не само тоа.

 

Сè уште не е дојдено времето да се споделат со обожавателите ниту пак со вработените карактеристиките што ќе го издвиојат како автентичен автомобил на Алфа Ромео, кој ќе може да се постави на врвот во премиум сегментот. Новиот модел на Алфа Ромео ќе дебитира во првата половина на 2024 година, но веќе многу се зборува за него, направени се многу скици за неговиот стил, кои вредните дизајнери се обидуваат да го претпостават на интернет-страниците.

 

За да ја вклопи во проектот својата заедница, Марката се обраќа до неа со барање секој обожавател да даде свој предлог за името на новиот автомобил на Алфа Ромео.

 

За Алфа Ромео, по Giulia, автомобилот кој го означи нејзиниот препородот, Марката избра имиња на два планински превои, Стелвио и Тонале. Но, без грижа, толку претпоставуваното име „Бренеро“ (уште еден планински превој на Алпите, кој претставува мост помеѓу Италија и Централна Европа) веќе неколку пати беше демантирано од највисокото раководство на Алфа Ромео. Дали ова укажува на промена на насоката во комуникациската стратегија? Кое ќе биде следното име на спортското урбано возило - Sport Urban Vehicle на Алфа Ромео? Кажете го вашето мислење на официјалните социјални канали на марката.