АЛФА РОМЕО Ф1 ТИМ СТЕЈК ГО ПРЕТСТАВУВА C43.
НЕГОВАТА НОВА БОЈА Е ДИЗАЈНИРАНА ВО СТИЛСКИОТ ЦЕНТАР НА АЛФА РОМЕО

Хинвил, 7 февруари 2023 – Тенок, агресивен, и дефинитивно прекрасен. Алфа Ромео Ф1 Тим Стејк (Криптоказиното Стејк е новиот спонзор на тимот) го претстави новиот автомобил за 2023,  C43, на настан во Швајцарија, кој истовремено се одвиваше во Цирих и во Хинвил, седиштето на тимот. Формула 1 веќе има прв кандидат за титулата најубав автомобил на патеката.  C43, со прекрасната појава во црвена и црна боја, ќе ги води Валтери Ботас и Жу Гуанју кон постојано подобрување на Светскиот шампионат во 2023.


Преку едно многу сугестивно видео,  C43 произлезе од суровините и атомизираните делови; спојот кој произлезе од нив го симобилизира начинот на кој екипата е составена: поединци кои се групираат, секој со важна улога во обезбедувањето на успехот на  Алфа Ромео Ф1 тимот.


Комбинацијата на боите е дизајнирана од страна на експертите во Стилскиот центар на Алфа Ромео, совршеност на италијанската марка и манифест на Made in Italy.

Дизајниран од тим составен од инженери и предводен од Јан Моншо, придвижуван од нов мотор на Ферари, C43 е еволуција на C42: како резултат на регулаторните промени воведени од ФИА, C43 е надграден и доби целосно нови делови, кои се резултат на внимателен развој насочен кон понатамошно подобрување во 2023 година.


Болидот сега е подготвен да се најде на патеката и да тргне во наредната сесија, закажана за оваа недела во Барселона и за зимското тестирање во Бахреин на крајот од месецот.


Алесандро Алуни Брави, извршен директор на Групацијата Заубер и претставник на тимот: “Да се даде живот на еден автомобил е долг процес, кој ги вклучува сите оддели на еден тркачки тим и затоа, со гордост го претставуваме. Избравме, тоа да го направиме пред нашите обожаватели, блиску до нашиот дом, бидејќи лансирањето на нов автомобил не е само прилика да се претстават сопствените цели за претстојната сезона, туку е и момент околу себе да се соберат сите оние кои го помогнаа, поддржаа преку ТВ или во работилницата, за да се искаже нашата благодарност за нивната страст и вербата во нашиот проект. Нашиот нов автомобил е резултат на неколкумесечна работа, а од денес започнува ново патешествие: мора да продолжиме да работиме напорно, понизно и посветено за да ги донесеме перформансите на патеката. Сите членови на тимот се ангажирани за да ја достигнат оваа цел убеден сум дека ќе ги собереме плодовите од нашата работа”.

Кристијано Фиорио, менаџер на Алфа Ромео Ф1: ”Претставувањето на нов автомобил е секогаш возбудлив момент. Претставува пресвртница: по неколку месеци напорна работа на тимот во голема тајност, рефлекторите одеднаш се вклучуваат и конечно сме подготвени да ги загрееме моторите. Ова е болидот со кој заедно со нашите возачи ќе се бориме до последниот свиок од последната трка за Големата награда и за постигнување амбициозни цели.


Благодарност до Стилскиот центар на Алфа Ромео којшто со карактеристичната вештина го „облече“ болидот и го постави меѓу најубавите три на патеката. Од двете страни, уште повпечатливи, се наоѓаат четирилисната детелинка Quadrifoglio и секако, логото на Алфа Ромео, симболи на спортското италијанско благородништво уште од 1910.“


Јан Моншо, технички директор на Алфа Ромео Ф1 Тим Стејк: “Многу сум горд на постигнатите резултати во изминатите месеци, затоа што да се креира нов автомобил е секогаш извонреден напор на целиот тим. Оваа година претставува еволуција во однос на минатата, наметнува нови правила и воведува големи промени во зоните каде подобрувањето беше неопходно. Посакувам да биде уште побрз од и онака одличниот болид од минатата година, што е секако, најважно. Сите бевме максимално ангажирани за да ја достигнеме оваа цел. Сега, време е да се симнеме на патеката и да видиме колку се добри неговите перформанси. Среќен сум што се враќам на трките и сигурен сум дека наскоро ќе можеме да дадеме многу повеќе.”


Валтери Ботас, возач на Алфа Ромео Ф1 Тим Стејк: “ C43 е конечно тука и едвај чекам да го возам на патеката. Новата комбинација на бои многу ми се допаѓа и навистина е голем чекор напред во однос на минатогодишниот изглед. Co нашиот тим веќе имавме навистина интересна прва сезона, заедно направивме значаен прогрес, и сега се движиме кон една насока: нагоре, побрзи и со постојано подобрување. Очигледно, секогаш има уште нешто да се направи и некои работи треба да се подобрат, но верувам дека оваа година е наш ред за подобри резултати и место погоре. Едвај чекам да се вратам на трките, полн сум со енергија и со возбуда ја исчекувам новата сезона.”


Жу Гуанју, возач на Алфа Ромео Ф1 Тим Стејк: “Среќен сум што конечно C43 излезе од зад кулисите; сметам дека новиот дизајн 2023 е навистина прекрасен, и со нетрпение чекам да го возам болидот во Барселона наредниве денови, пред сериозно да ја започнеме сезоната со зимските тестови во Бахреин. Минатата година, тимот направи да се чувсвувам како дома, ме прифати и ми даде време да научам и да се подобрам. Очекувањата за оваа година се навистина големи е ќе го вложам сето свое искуство во мојата прва сезона, оваа 2023. Возбуден сум за сè што следи и спремен сум за напад.”


Тео Пуршер, резервен возач во Алфа Ромео Ф1 Тим Стејк: “Пред сè, благодарен сум и почестен што добив свое место за моето прво појавување во Формула 1 како резервен возач во тимот. Убаво е да се види дека личниот труд вродува со плод, и нека почне веќе еднаш! Бев сведок на напорната работа од проект на хартија до спуштање на патеката, и среќен сум за сите луѓе кои вложија дел од себе, мислам дека направија извонредна работа. Сигурно дека очекувањата се големи. Се чувствувам како да сум дел од една голема фамилија и решен сум да дадам сè од себе за да ги надминам поставените граници и да ги остварам најдобрите можни резултати.”