Alfa Romeo Giulia и Tonale прогласени за „BEST CARS 2026“ во Германија

· Во анкета за читателите на германскиот магазин „auto motor und sport”, моделите Alfa Romeo Giulia и Alfa Romeo Tonale победија како најдобри увезени модели во категориите „Midsize“ и „Compact SUV“.

· Alfa Romeo Stelvio го освои второто место меѓу увезените „Large SUV“, додека Alfa Romeo Junior се пласираше на четвртото место во категоријата „Small SUV“.

 

Двојна победа за Alfa Romeo во Германија: на наградите „BEST CARS 2026“, читателите на германскиот автомобилски магазин „auto motor und sport“ ги прогласија Giulia и Tonale за победници во нивните категории за увезени модели. Giulia триумфираше по деветти пат во класата „Midsize“, додека Tonale го освои првото место во сегментот „Compact SUV“.

 

Речиси 95.000 читатели на едно од највлијателните автомобилски списанија во Германија избраа два модели од италијанскиот бренд како свои лични „BEST CARS 2026“. Спортската лимузина освои 22,7% од гласовите, додека првиот C-SUV на Alfa Romeo освои 8,4%.

 

Stelvio исто така оствари одличен резултат, освојувајќи второ место меѓу увезените „Large SUV“ модели со 9,9% од гласовите. Дополнително, Junior се пласираше на четвртото место меѓу најдобрите увезени „Small SUV“ модели.

 

Alfa Romeo продолжува да ужива голема популарност кај германските клиенти: сите четири актуелни модели од гамата постигнаа надпросечни резултати. Признанијата добиени преку овие награди се одраз и на комерцијалниот раст на брендот, при што Германија претставува втор најзначаен пазар за Alfa Romeo кога зборуваме за продажбата.

 

Во овогодинешното јубилејно 50-то издание на „BEST CARS“, организирано од „auto motor und sport“, заземаа место речиси 95.000 учесници. Читателите избираа меѓу 480 модели на возила во 13 категории, вклучувајќи и посебни рангирања за увезени брендови. Официјалната церемонија на доделување на наградите ќе се одржи во јуни во Штутгарт.

 

Торино, 2 март 2026.