Среќен роденден Алфа Ромео!
Алфа Ромео слави 113 години италијанско спортско благородништво со
смело видео

  • Погледни го спектакуларното  video за прославата на 113-ата годишнина на Алфа Ромео

 

Во сабота, на 24-ти јуни – се навршуваат 113 години од основањето на Алфа Ромео во 1910. 

 

За прославата на овој голем настан, кој претставува пресвртница, Алфа Ромео ги одушевува нејзините обожаватели со уште една демонстрација на својот смел став. Спектакуларното видео што марката го направи заедно со возачот во Формула 1, Џоу Гуанју, е манифест на вредностите што ја издвојуваат ДНК-та на Алфа Ромео уште од 1910: спортско благородништво Made in Italy. 

 

Марката побара од кинескиот возач Џоу Гуанју да ги покаже своите возачки способности на патека која не е дел од 23 тркачки патеки предвидени за оваа година. Возачот едноставно скокна во својот болид, во фабриката Касино каде што се конструираат Giulia и Stelvio. Вработените во фабриката му приредија топло добредојде, со крофни и традиционално фотографирање, сè додека не излезе од портите на фабриката.

 

Оттука, Џоу Гуанју, со својот Формула 1 болид се најде на автопатот од Пиедимеонте Сан Џермано до излезот од Помиљано д’Арко, домот на фабриката на Алфа Ромео, Џанбатиста Вико, каде секојндевно од производната лента излегува моделот  Tonale. Работниците во фабриката во близина на Неапол без навистина добро подготвени за да го пречекаат и поздрават возачот, на сцена која беше апсолутно несекојдневна.

 

Од далечната 1910 година, па до денес, Алфа Ромео испиша повеќе од 100-годиншна историја, поттикнува цели генерации и заедно со земјата ги доживеа сите општествени еволуции што ја обликуваа Италија во 20 век. Цела една епоха исполнета со спортска слава и комерцијални успеси, наизменично со други посложени времиња, меѓу кои и меѓународни конфликти кои му зададоа тежок удар на општеството во тоа време.

 

Алфа Ромео ја обедини Италија со енергичен поттик на земјата по двете светски војни. Храбриот став и стандардно инклузивниот пристап значеа дека марката секогаш ќе ги одушевува обожавателите на автомобилите со спортски дух.

 

Прослава и во Музејот на Алфа Ромео во Арезе

 

По повод 113 годишнината, Музејот во Арезе подготвува и официјална прослава на cтогодишнината на Quadrifoglio:

 

Во сабота, на 24-ти јуни, во 16:30 часот, на сцената ќе биде раскажана историјата на иконата што ја олицетворува спортската страна на Алфа Ромео. Почесен гостин ќе биде Џорџо Сивочи, внук на Уго, возачот кој ја освои легендарната Тарга Флорио од 1923 година со моделот RL, првиот автомобил со зелена детелина со четири листа насликана на бела позадина на хаубата. 

 

По завршувањето на раскажувањето ќе се одржи долга парада на автомобили Алфа Ромео со модели од самиот почеток на нивното производство, на внатрешната писта која ќе заврши во централниот дел на Арезе, на зелениот дел, каде, додека сонцето заоѓа, ќе биде изведен специјален флешмоб посветен на Quadrifoglio. 

 

Во недела, на 25-ти јуни, се предвидени разни активности за групите и семејствата, како е Потрагата по богатство под назив Quadrifoglio – во халите на Мусејот на Алфа Ромео. Целосниот распоред може да го разгледате на www.museoalfaromeo.com

 

 Оние кои сè уште не се пријавиле, а сакаат да учествуваат во активностите за викендот во Музејот, може да направат резервација на info@museoalfaromeo.com.