Ден што предизвика емоции: Музејот на Alfa Romeo слави 50 години

  • Alfa Romeo прослави двоен роденден на 22 јуни 2026: 116 години на Бишоне и 50 години на Музејот на Alfa Romeo, настани кои сведочат за континуитетот на славното минато и современата визија.
  • На изложбата ќе бидат и 33 Stradale, Giulia Quadrifoglio Luna Rossa, последните ексклузивни креации кои на современ начин ја пренесуваат тркачката ДНК на Марката.
  • Многу партнери го направија настанот незаборавен: од камперот Alfa Romeo Luna Rossa до Скудерија дел Портело (тимот на историски автомобили на Alfa Romeo), од Италијанскиот регистар на Alfa Romeo до Академијата за возење на Alfa Romeo потпомогната од Скудерија де Адамич (екипата на Адамич).
  • Co повеќе од 300 официјални клубови ширум светот, Alfa Romeo го потврдува сопствениот статус на Обожавана марка и врската со заедницата на фанови која не познава гранцици.
  • Инаугурирана и Привремена продавница за актуелната гама во рамките на Музејот, каде може да се разгледаат сите новитети на Марката и да се добијат какви и да е информации.

 

Ден на чувства, гордост и припадност, ден на настани во Музејот на Alfa Romeo во Арезе, којшто ги спои различните генерации, култури и земји под знакот на автентичната страст и исконската поврзаност со Марката на Бишоне. Прославата ја направија посебна и двете симболични годишнини, кои ја раскажуваат истата историја од различна перспектива: 116 години на Alfa Romeo, создадена во Милано во 1910 година, која стана глобална икона на автомобилизмот и 50 години на Музејот кој ги чува сеќавањата, вредностите, иконските примероци и спортските дострели.

 

Настан за сеќавање, со набиени емоции на кој учествуваа стотина автомобили, во текот на двата дена и илјадници фанови кои дојдоа од целиот свет, а многумина од нив се членови на 300-те официјални клубови распространети на сите четири страни во светот. Секако, поврзаноста помеѓу италијанската марка и нејзините фанови отсекогаш била нешто посебно во автомобилскиот свет, длабок и автентичен однос кој создаде значајна глобална заедница, засилувајќи го на тој начин статусот на Обожавана Марка на Alfa Romeo.

 

Меѓу учесниците на настанот беа и новите модели 33 Stradale и Giulia Quadrifoglio Luna Rossa, создадени во внатрешноста на универзумот БОТЕГАФУОРИСЕРИЕ (Продавница за вонсериски модели). Првиот модел е привлечно купе “со две суви места”, произведен во само 33 примероци, кој го сочувува наследството и е произведен низ единствен филигрански процес според стандарди за висок квалитет и со манијакална грижа за секој детаљ. До него, новата ограничена серија во десет примероци, веќе продадени, е првиот производ на партнерството помеѓу Alfa Romeo и Luna Rossa, два извонредни производители Мade in Italy кои заедно ќе настапат на 38-то издание на Луј Витон, Американскиот Куп во славниот Неаполски залив во 2027.

 

Воодушевување и љубопитност предизвикаа и неколкуте тркачки примероци на Скудерија дел Портело (тимот на историски автомобили на Alfa Romeo) меѓу кои едноседот на Формула 1 Alfa Romeo 183T статично изложен, GTAM вклучен во динамични претставувања и едноседот Giulietta Spider "Sebring", кој го има и на флешмобот на фановите. За комплетирање на сликата RIAR – Италијанскиот Регистар на Alfa Romeo, на настанот донесе три примероци од моделот Spider, врв на задоволството при возење на отворено, додека Академијата за возење на Alfa Romeo со поддршка на Скудерија де Адамич го изложи моќниот модел Giulia Quadrifoglio во посебна каросериска изведба, веднаш до прекрасната Alfa Romeo 75 3.0 V6 – која припаѓа на музејската колекција – која и понатаму е најсаканиот автомобил од страна на Алфистите. Поставеноста еден до друг на овие два болида ја отелотворува вродената способност на Бишоне за спортски достигнувања и перформанси, кои се пренесуваат во страствено и инстинктивно доживување при секојдневното возење.

 

Рефлекторите се насочени и кон камперот Alfa Romeo Luna Rossa – неговото прво претставување по скорешната Прелиминарна Регата Сардинија – кој ја придружува 33 Stradale, повикана да ја отвори ревијата, веднаш до Giulia Quadrifoglio Luna Rossa. За да го збогати настанот, тука беше говорот со Виторио Феро, Маркетинг директор на Luna Rossa, посветен на "Еден ден во Базата на Луна Роса во Каљари". Во рамките на ревијата, беше инаугурирана и Привремената продавница во рамките на Музејот, кадешто посетителите можат да се одушевуваат на актуелната гама и да добијат информации за сè што ги интересира од страна на персоналот. Најконкретното сведоштво за постојаниот дијалог помеѓу зачуваното наследство во изложбените сали и Alfa Romeo денес, која продолжува да се развива и притоа да го чува сопствениот идентитет и вредностите на спортските достигнувања и убавината.

 

Комплетно реставриран и повторно отворен за јавноста во 2015, Музејот на Alfa Romeo во Арезе го претставува срцето на сеќавањата и е еден од најзначајните автомобилски музеи во Европа, каде секоја година влегуваат преку 100.000 посетители кои доаѓаат од 120 земји. Изложбената патека постојано се развива на три тематски нивоа — Времеплов, Убавина и Брзина — и поседува 70 примероци на автомобили кои ја одбележуваат историјата на Марката: од првата A.L.F.A. 24 HP до болидите на Формула 1 на Хуан Мануел Фанџо, преминувајќи кон легендарните Илјада Милји (Mille Miglia) и епопејата на Аутоделта. На располагање на посетителите се и простории од оние наменети за морепловското производство до историската соработка со Арма деи Караниниери (Полиција) и од 2020, зоната Колеционе, каде се зачувани преку 200 автомобили кои не се изложени, заедно со мотори, прототипи, трофеи, модели и архивски материјали. Во рамките на Музејот се наоѓа и Центарот за документација, каде што се чуваат преку 6 линеарни километри архивски материјал како и одговори на околу 10.000 барања секоја година.

 

Привремени изложби, настани, конференции и постојана соработка со официјалните клубови го прават живо место во постојана трансформација, каде минатото продолжува да ја инспирира сегашноста и да го покажува патот кон иднината на Alfa Romeo.

 

Торино, 22 јуни 2026