АЛФА РОМЕО ЈА ПРОСЛАВУВА СТОГОДИШНИНАТА НА ЧЕТИРИЛИСНАТА ДЕТЕЛИНКА (QUADRIFOGLIO) И ШЕЕСЕТГОДИШНИНАТА НА АУТОДЕЛТА СО ОТКРИВАЊЕ НА ДВЕ НОВИ ЛОГОА

• Алфа Ромео ја прославува стогодишнината на Четирилисната детелинка (Quadrifoglio) и шеесетгодишнината на Аутоделта, два камен-темелника во нејзината историја на спортското италијанско благородништво од
• Откриени две нови логоа за прославата, создадени од Стилскиот центар на Алфа Ромео кои на современ начин одново ја пишуваат историјата и се проектираат во иднината на марката, чија цел е одново да го измисли спортскиот стил на дваесет и првиот век.
• Новите амблеми ќе ги придружуваат комуникациските активности за два значајни новитети во текот на
• Од Тарга Флорио во 1923 до денес, од тркачката патека до патиштата: легендарната Четирилисна детелинка (Quadrifoglio) полни еден век, но продолжува да владее и да биде олицетворение на најперформантните креации со потпис Алфа Ромео.
• Аутоделта: од 1963 Одделот за тркачки автомобили на Алфа Ромео и автентичниот “полигон за тренинг” на италијанските и странски возачи.
• На 5-ти март, роденденот на Аутоделта и на 25-ти јуни, во рамките на прославите на роденденот на марката, ќе се одбележат и два значајни настани за сите обожаватели на марката во Историскиот музеј на Алфа Ромео во Арезе.

 

 

Алфа Ромео го објави официјалниот почеток на прославите на 100 годишнината на легендарниот симбол Четирилисна детелинка (Quadrifoglio) и 60 годишнината на Аутоделта, славниот оддел  за тркачки автомобили на Сетимо Миланезе и екипата на Карло Кити. Тоа се два камен-темелника во нејзината историја, израз на спортското италијанско благородништво од 1910, кои и понатаму предизвикуваат силни емоции и огромна гордост кај секој припадник на племето Алфа Ромео. За оваа прилика, Алфа Ромео открива и две нови логоа, кои  ќе ги придружуваат манифестациите на клубовите и на марката, како и некои од комуникациските активности на двата значајни новитети кои се тесно поврзани со истите, во текот на 2023.


И двете логоа се реализирани од страна на Стилскиот центар на Алфа Ромео. На современ начин одново ја пишуваат историјата и се проектираат во иднината на марката, чија цел е одново да го измисли спортскиот стил на дваесет и првиот век. Логото посветено на стогодишнината на Quadrifoglio ја претставува цврстината и елеганцијата на историското лого, развивајќи ја само бојата. Значи, современ хроматски допир, кој се однесува на славното минато на иконските победи на автомобилите Алфа Ромео и победите кои влегоа во колективната имагинација.


На истиот начин, логото на Аутоделта е стилски елемент што треба да се заштити и зачува во неговиот изглед и оригинални бои. Всушност, и покрај изминатите години, овој амблем на спортскиот стил останува врежан во сеќавањето на љубителите на моторспортот. Затоа новата славеничка верзија претрпува неколку измени, што ја прави посовремена и слична на актуелните комуникациски поставки на брендот. Ова го покажува новиот фонт Sequel, ист со новиот идентитет на марката; единствената тробојка, како горд израз на сопственото потекло; и додатокот на датумот на годишнината за да се истакне долговечноста на марката Аутоделта.


На 60-тиот роденден на Аутоделта, Алфа Ромео посветува конференција за печат во Музејот во Арезе, на 5-ти март, денот кога е основан одделот за тркачки автомобили, додека пак на 25 јуни, во рамките на прославите за роденденот на Марката денот посветен на Quadrifoglio, денот кога ќе следи конференцијата “Backstage” која ќе биде придружена со парада на автомобили Quadrifoglio и флешмоб отворени во сите клубови на Алфа Ромео.

Quadrifoglio: од 1923 симбол на спортскиот стил Made in Italy

Постојаната потрага по совршеност применета на тркачките автомобили, целосно  пренесена на автомобилите од сериско производство: тоа е, накратко, филозофијата на Алфа Ромео врежана во Quadrifoglio, легендарниот симбол кој од 15 април  1923, се идентификува со најперфомантните изведби со потписот на Алфа Ромео, не само на оние автомобили од тркачките патеки низ целиот свет, туку и на некои специјални верзии на автомобили од сериско производство.

Првиот автомобил Алфа Ромео украсен со Quadrifoglio беше RL “Corsa”, зад чиј волан беше возачот Уго Сивочи и победи на XIV-то издание на трката Тарга Флорио во 1923. Ова беше првата од низата десет победи на марката на ова престижно натпреварување. И токму затоа, симболот кој носи среќа се појави и на “P2” на Брили Пери, кога во 1925, во Монца, триумфираше на првиот “Светски шампионат на автомобилски трки”, првата од петте светски титули кои ги освои Алфа Ромео. На крајот од дваесетите години од минатиот век, симболот Quadrifoglio ги издвојуваше тркачките автомобили на Алфа Ромео, куќата-мајка, раководени од Скудериа Ферари, чијшто амблем беше Кавалино рампанте “cavallino rampante” (коњ со кренати предни нозе).

Во 1950 и 1951, Џузепе “Нино” Фарина и Хуан Мануел Фанџо ги носат Алфа Ромео 158 e 159, митските “Alfetta”, до успех на првите два Светски шампионати во Формула 1. Во шеесетите години, повторно, Quadrifoglio се наоѓа на верзијата “ready-to-race” на моделите “Giulia”, “TI Super”, па рамо до рамо со азурно-синиот триаголник на Аутоделта стои со децении: од “GTA” до “33” сè до Светските шампионати со “33 TT 12” (1975) и со  “33 SC 12” (1977).

Натпреварувачката активност на Алфа Ромео продолжува и во ‘80-тите кога: по враќањето во Ф1 во 1979 година, се повторија успесите во трките со автомобилите Turismo („GTV 6 2.5“), сè до триумфот во „DTM“ со „155 V6 Ti“ во 1993 година и многу долгата серија победи на „156 Superturismo“ (1998-2004).

И автомобилите од сериско производство Алфа Ромео го носеа логото Quadrifoglio. Тоа се модели со изразито високи перформанси конструирани помеѓу 1960 и 1980. Некои од нив, логото го носат на каросеријата, без да се појават во официјалната деноминација – како „Giulia Sprint GT Veloce“ или „1750 GT Veloce“ – додека други, од 1980-тите па натаму, веќе го носат Quadrifoglio во нивната официјална деноминација, како што се различните верзии на „33 Quadrifoglio Verde“ или „164 Quadrifoglio Verde“. Исто така, треба да се запомни дека, помеѓу 1970-тите и 1980-тите, Quadrifoglio еволуираше и доби две верзии: „зелена“ за поспортски возила и „златна“ за префинетите и луксузни нивоа на опременост.

Со време, почетната буква од логото “Q” стана дел од речникот на Алфа Ромео, со што ги идентификуваше најнапредните технички решенија: најпознат од сите е Q4 погонот на сите тркала, но имаше и диференцијал со ограничено пролизгување Q2, автоматски менувач Q-System и Q-Tronic, само да споменеме неколку.

Конечно, симболот Quadrifoglio се врати и на Mito (2008) и на Giulietta (2010) и кога се роди новата генерација на Алфа Ромео во 2015 година со лансирањето на Giulia во верзијата Quadrifoglio, придвижувана од новиот 510 КС 2.9 BiTurbo бензински мотор со исклучителни перформанси, толку многу што на познатата патека Нирбургринг каде постави и рекорд во категоријата со време од 7’32”. Stelvio, првиот SUV произведен од Алфа Ромео, исто така се рангира на врвот на гамата во верзијата Quadrifoglio.

 

Aутоделта: легендарниот оддел за тркачки автомобили Алфа Ромео

На 5 март 1963 година, Карло Кити и браќата Кизола основаа мала компанија со седиште во Фелето Умберто, во близина на Удине, со цел да соработуваат со Алфа Ромео во конструирањето на Giulia TZ, компактен автомобил гран туризмо, дизајниран од Загато, изведен на мотор и механика на Giulia, а опремен со ексклузивна цевчеста шасија, па оттука и кратенката Tubular Zagato. Така започна една од најубавите страници во меѓународниот моторспорт, а компанијата толку добро работеше што наскоро стана Оддел за тркачки автомобили на Алфа Ромео. Во 1965 година, одделот беше купен од Алфа Ромео со цел да се управува со официјалното враќање во конкуренцијата, по повлекувањето од Светскиот шампионат во Ф1 во 1951 година, со освојувањето на втората титула со „Alfetta“. Поради оваа причина, производителот на автомобили одлучи да создаде ад хок организација за натпревари, физички одвоена од местото на производство и со доволна дискреција во донесувањето брзи технички и спортски одлуки.

Генерален директор на оваа нова индустриска и спортска реалност е харизматичниот инженер Карло Кити, кој ја пресели Аутоделта во некои анонимни магацини во Сетимо Миланезе, недалеку од Арезе. Некои од најпознатите тркачки автомобили Алфа Ромео ќе потекнуваат од тука, вклучувајќи ја и легендарната Giulia Sprint GTA од 1965 година, која освои три последователни „Challenge Europeo Marche“, десетици национални првенства и стотици поединечни трки низ целиот свет. Куриозитет: Giulia Sprint GTA беше првиот автомобил туризмо којшто ја помина патеката Нордшлајф на Нирбургринг за помалку од 10 минути.

Во 1967 година, Алфа Ромео решава да направи скок во категоријата „прототипови“, во тоа време главната меѓународна сцена на автомобилски трки, со „33/2 литри“ којшто го освои првиот трофеј на своето деби во Флерон, Белгија. Следната година, прототипите на автомобили на Аутоделта победија во категоријата на трките 24 часа Дејтона, 1000 километри на Нирбургринг, 500 километри Имола и 24 часа Ле Ман. Извонреден е и легендарниот автомобил „33 TT 12“ од 1975 година, веројатно најпрестижната година за Аутоделта, со која го освои Светскиот шампионат Марке, повторувајќи го својот успех две години подоцна со „33 SC 12“. Последователно, Аутоделта се грижеше за управувањето со сите спортски програми на Алфа Ромео, од трофејот Алфасуд до Формула 1. Во 1984 година Карло Кити ја напушти компанијата и следната година Аутоделта беше распуштена. На крајот, треба да се запомни дека Аутоделта исто така беше полигон за тренинг за многу италијански возачи, вклучувајќи ги Андреа Де Адамич, Артуро Мерцарио, Андреа Де Чезарис, Бруно Џакомели, Џорџо Франча, како и неколку странски шампиони: од Јохен Ринд до Џеки Икс, од Жан Пјер Жарие до Марио Андрети.

Торино, 9 февруари 2023