QUADRIFOGLIO COLLEZIONE: GIULIA И STELVIO СО НОВА ОГРАНИЧЕНА СЕРИЈА
Alfa Romeo ја претставува својата нова глобална ограничена серија – Giulia Quadrifoglio Collezione и Stelvio Quadrifoglio Collezione – оживувајќи наследство долго повеќе од еден век.
Секој што ја сака Alfa Romeo знае дека еден симбол има неверојатно значење. Четирилистната детелина е дел од тркачката историја на марката од самиот почеток, појавувајќи се на Alfa Romeo RL управувана од Уго Сивочи за време на победата на трката Targa Florio во 1923 година. Подоцна, таа станува симбол за перформансите на Alfa Romeo претставувајќи единствена комбинација од техничка извонредност и единствен дизајн.
Денес, историјата повторно оживува со новата глобална ограничена серија произведена во само 63 примероци, број што претставува омаж кон легендарниот Quadrifoglio за првпат претставен на сериски автомобил во 1963 година.
Уникатните примероци на Quadrifoglio Collezione се изработуваат во фабриката Касино, каде традиционалната италијанска занаетчиска умешност се среќава со најсовремената технологија. Дизајнот на Alfa Romeo се отсликува во секој детал. Внатрешноста нуди топла и примамлива атмосфера, со Sparco седишта со карбонска школка, најфина кожа и Алкантара, збогатени со везено сериско нумерирање „1 di 63 Collezione“. Вистинските емоции на Alfa Romeo се под хаубата со препознатливиот звук на издувниот систем Akrapovič. Карбонските влакна, симболот на тркачкиот дух на Quadrifoglio, се појавуваат кај префинети детали, додека потписот на Alfa Romeo е прикажан на полираните анодизирани сопирачки.
Сертифицирана како Instant Classics, глобалната лимитирана серија Quadrifoglio Collezione ги претставува вредностите на Alfa Romeo: Италија, спортски дух, црвена боја – и возбуда што започнува со првото забрзување.