АLFA ROMEO TONALE SPECIAL EDITION

 

Аlfa Romeo има чест да го објави отворањето на нарачките за Tonale, која дебитира во ексклузивната верзија „SPECIAL EDITION“ која се карактеризира со врвно ниво на опременост за да ги задоволи оние корисници кои први ќе одлучат да го купат првиот компактен SUV на Аlfa Romeo. Возило кое означува вистинска Метаморфоза за марката, која радикално еволуира и се проектира во новата ера на поврзување и електрификација.

Tonale „SPECIAL EDITION“ ќе се нуди во конфигурација Hybrid со мотор од 1,5 литар и 4 цилиндри со 130 КС со исклучително богата опрема преку која се  изразува целиот спортски дух и технологија Аlfa Romeo: 20” алуминиумски тркала – црвени шепи на кочниците Brembo – Предни светла Adaptive Full Led Matrix – Затемнети задни прозорци – Алуминиумски рачки за менувач – Keyless entry (Влегување без употреба на клуч) – Автоматско отворање на задната врата преку сензор – 10,25” Navi радио на допир со гласовна контрола – Car Play/ Android auto и безжично полнење на паметни телефони – Спортски волан во кожа – Адаптивен темпомат – Предни и задни сензори за паркирање со камера за поглед одзади – Traffic sign recognition  (Препознавање сообраќајни знаци).

Tonale, првиот автомобил на пазарот  опремен со технологијата NFT
Како што беше претставено за време на меѓународната премиера, почнувајќи од „SPECIAL EDITION“, Tonale ќе биде првиот автомобил на пазарот, како светска ексклузива, кој ќе биде опремен со технологија NFT (Non-Fungible-Token – незаменлив токен), апсолутна новина во автомобилскиот индустриски сектор. Алфа Ромео е всушност првиот производител кој го поврзал автомобилот со дигитален сертификат NFT. Технологијата се заснова на концептот на „blockchain card“, таен и непроменлив дигитален регистар во кој се внесуваат главните информации за секој автомобил поединечно. Оваа препознатлива одлика, која е непосредна и одржлива за користење, го нагласува иновативниот карактер на Аlfa Romeo. Врз основа на изборот кој го прави клиентот, NFT ќе ги забележи податоците за животниот век на автомобилот, со што ќе се генерира сертификат што може да се користи како гаранција за добро одржување на автомобилот, со што ќе се поддржи неговата остаточна вредност. На пазарот на половни возила, NFT сертификатот всушност ќе претставува дополнителен извор на веродостојнот на кој може да смета сопственикот/ продавачот, додека купувачот ќе биде уверен за изборот на автомобилот.

Поврзување и софтвер, осмислени за да се издигнат сензациите кај возачот
Аlfa Romeo ја толкува употребата на софтвер и поврзувањето со цел да ги подобри сензациите на возачот, кој е и останува во центарот на нештата. Токму поради тоа, Tonale е опремена со најнапредната технологија за да обезбеди поврзување и удобност, истовремено одржувајќи го уживањето во возењето типично за Аlfa Romeo. Tonale нуди целосно нов интегриран систем за информирање и забава како стандард кој, благодарение на приспособливиот оперативен систем Android и 4G поврзувањето со надградбите „Over The Air“ (OTA), гарантира постојано ажурирана содржина, карактеристики и услуги. Овој систем располага со целосно дигитален екран од 12,3″, 10,25″ инструмент-табла со екран на допир и софистициран флуиден мултитаскинг интерфејс кој овозможува да се има сè на дофат без да се одвлече вниманието од патот и гарантира доживување како “паметен телефон”. Со вкупна големина од 22,5“, двата големи Full TFT екрани го претставуваат „најдоброто во класата“ во сегментот.

Технологијата во служба на безбедноста и удобноста: автономно возење од ниво 2, co нови системи за помош при возењето – ADAS (Advanced Driver Assistance Systems) кои интервенираат согласно филозофијата на Аlfa Romeo. И во овој случај софтверот е во служба на ДНК-та на марката, и понатаму возачот е во центарот на нештата. Токму затоа сите системи интервенираат без да влијаат врз чувствата на возачот, на кого му ги препуштаат контролата и емоцијата при возењето.

Електрификација “state of the art” како исклучителна одлика на ДНК-та на марката
Tonale за Марката го означува природниот влез во светот на електрификацијата, но останува верна на сопствениот смел став со кој Аlfa Romeo дефинира една парадигма: електрификацијата треба да биде во служба на Марката и нејзината ДНК, co мисија за повторно да го измисли спортскиот дух за дваесет и првиот век. Конкретна задача кон иднина насочена кон одржлива мобилност, но иднина која останува верна на вредностите од нејзиниот зародиш. Верзијата “SPECIAL EDITION” се појавува со мотор Hybrid со 130 КC на кој е прилагоден нов автоматски менувач со седум брзини, со електричен мотор “P2” од 48V 15kW и 55Nm, кој е во состојба да пренесува погон на тркалата дури и кога моторот со внатрешно согорување е згаснат.