АLFA ROMEO ПРОСЛАВУВА 100 ГОДИНИ ОД ПАТЕКАТА
ВО МОНЦА СО ДЕНОВИТЕ НА “ПЛЕМЕТО”

Со деновите на “Племето”  Аlfa Romeo ја прославува стогодишнината од Патеката во Монца: интернационален собир посветен на страста на “Племето” Аlfa Romeo и на неговата нераскинлива врска со патеката.

 

Сабота 10-ти и недела 11-то септември, 112 колекционери кои доаѓаат од цела Европа и 100 автомобили  Giulia GTA (од 500-те кои ги произведе марката) ќе бидат протагонисти на деновите на “Племето” : иконските атомобили ќе ја раскажат легендарната историја на италијанската марка во чест на 100-те години исполнети со страст кон мотоспортовите поврзани со Аlfa Romeo на патеката во Монца.

 

Кулминација на манифестацијата ќе бидат двете спектакуларни паради: во сабота на 10-ти, на историскиот асфалт и недела 11-ти со тргнување од Арезе и пристигнување во Монца.

 

Деновите на “Племето” ќе се одржат помеѓу музејот Арезе и полигонот Балоко, две иконски места за Аlfa Romeo. Но, тоа не е сè: Градот Милано и патеката Монца ќе бидат етапи за оддавање почит на марката на патеката, место на незаборавни спортски настани.

 

За крунисување на викендот со прослави, сите учесници на Деновите на “Племето” ќе се сместат во просторот наменет за Аlfa Romeo на трибините Аскари и Биасконо за да го поддржат тимот на Аlfa Romeo F1 ORLEN.

 

Во музејот Арезе страста оживува со „Деновите на Монца“, богата програма наменета за сите Алфисти.

 

Оваа година Големата награда на Италија за Аlfa Romeo претставува можност за прославување на нераскинливата врска на италијанската марка со патеката во Монца и страствените победи  кои ги оствари и испиша неизбришливи страници во историјата на мотоспортот. Треба да се истакне и дека оваа година кога се одбележува 100-годишнина од патеката во Монца, каде првата победа за Аlfa Romeo во Формула 1 во историјата ја освои Нино Фарина, на 3 септември 1950, co Alfetta 158.

 

Аlfa Romeo ја чествува оваа значајна годишнина до деновите на “Племето” со интернационален собир на обожавателиците во марката кои доаѓаат од целата Европа. На манифестацијата ќе земат учество 112 колекционери, членови на официјалните клубови на Марката, со иконските автомобили кои ја раскажуваат 112-годишната легендарна историја , која од 1910 го претставува благородништвото на италијанскиот спорт. Идејата за вклучување на обожавателиците во марката беше претставена на 24 јуни на состанокот на клубовите Аlfa Romeo, на кој се собраа претставници на клубови од целиот свет во музејот Арезе. Како и секогаш, одговорот од клубовите беше воодушевувачки.

 

Беше решено 100 автомобили Giulia GTA, со нивните сопственици, да земат учество на парадата. 100, како годините на патеката во Монца со кои се поврзани незаборавните успеси на марката во мотоспортот. Од друга страна, Giulia GTA претставува врвен израз на марката, кога се работи за спортскиот изглед, а го носи името на еден од најуспешните модели во историјата на марката. Многу од неговите спортски успеси беа прославени токму во Монца: по презентацијата на автосалонот во Амстердам, дебито на трката беше во 1965 година во Монца, на 1000 км со два автомобили од категоријата на прототипови, во очекување на хомологација во туристичката класа. Ако ова прво искуство се смета за пробно возење, вистинското деби беше на трката 4 часа Монца – еден од најважните настани во светот за туринг автомобилите – со Giulia Sprint GTA на Де Адамич-Ѕеколи кои доминираа на трката, кои ги следеа уште шест истоветни Giulia GTA. На 4 часа Монца, беа прославени четири последователни победи. Следеа уште многу други победи, од Купот на Пиемонте до Интер-Европа и успесите што ги постигнаа верзиите Giulia Sprint GTA-SA и GTA 1300 Junior.

 

Манифестацијата ќе се одржи на две места кои се дел од историјата на марката: Музејот Арезе, куќата на Аlfa Romeo каде учесниците ќе се нурнат во легендарната историја на марката, меѓу ремек-делата кои се чуваат во музејската колекција и полигонот во Балоко, каде што ќе учествуваат во возбудливи динамични активности, како пробни возења, паради и вежби на патеката, каде ќе ги подобрат динамичните квалитети на нивната Аlfa Romeo.

 

Две иконски паради со потпис на Аlfa Romeo

Врв на прославата од Деновите на “Племето” Аlfa Romeo ќе бидат двете паради. Првата ќе се одржи во сабота попладне на патеката во Монца, каде што 112-те историски автомобили ќе продефилираат на истата патека на која Ф1 болидите ќе се натпреваруваат еден против друг за време на викендот. Следното утро, втората парада ќе ги види 112-те историски автомобили и 100-те Giulia GTA кои ќе тргнат од музејот Арезе, ќе поминат низ Милано, преку некои од најпознтатите места. Штом излезат од музејот Арезе, поворката ќе парадира низ Милано под Арката на победата, плоштадот Кастело Сфорцеско, чиј симбол го носи логото Аlfa Romeo, потоа преку Пиаца Дуомо, Пиаца дела Скала, виа Монтенаполеоне, па Пиаца дела Република и Централната станица. Ќе бидар посетени и местата каде што на почетокот на векот стоеше Портело, првата производствена линија на Аlfa Romeo, а сега дом на првиот продажен салон со новиот бренд идентитет на марката. На крајот, поворката ќе се упати кон тркачката патека во Монца каде што сите учесници ќе заземат место меѓу навивачите, како поддршка на Аlfa Romeo Ф1 тим Орлен, во просторот наменет токму за нив трибините Аскари и Биасоно.

 

Посебна боја на каросеријата на C42, потпишана од Дизајнерскиот центар на Аlfa Romeo

Како и секогаш, по повод Големата награда на Италија, C42 ќе излезе на патеката со шаренило од бои на каросеријата, создадено специјално за оваа прилика од Дизајнерскиот центар Аlfa Romeo. Дизајнерите на Аlfa Romeo ги реинтерпретираат историските елементи на дијагоналниот потпис и историската змија од 50-тите, веќе присутна во официјалната боја.

 

Сместени се во централна положба во хаубата на моторот, истите се зголемени со досега невидено решение кое се разликува од десната до левата страна. На овој начин, се нуди секогаш различен начин на читање, во зависност од страната од каде се гледа.

 

Историското кружно лого, за оваа пригода, е сместено на „носот“ на автомобилот.

 

Така, двете логоа му оддаваат почит на градот и регионот, родното место на марката: нераскинлива врска испишана во името: Анонимна Ломардиска Фабрика за Автомобили.

 

„Деновите на Монца“ оживуваат во музејот Аlfa Romeo

Според традицијата, трката за Големата награда на Италија, има исполнет календар со настани и активности, наменети за сите алфисти, во музејот Аlfa Romeo. Започнува во среда на 7-ми септември со возачите Валтери Ботас и Џоу Гуанју кои ќе се сретнат со обожавателите и навивачите на сесија за автограм од 19:30 до 20:30 часот. Музејот ќе остане отворен до 21:00 часот.

 

И тренинзите и квалификациските сесии во сабота на 10-ти септември и трката во недела на 11-ти ќе се емитуваат во живо на големиот екран во салата Giulia.

 

Во сабота и недела, во 17:00 часот, обожавателите можат да ја разгледаат интерната поставка на Музејот, од која и да е година и кој и да е модел, со сопствениот автомобил Аlfa Romeo.