Изјава за изземање од одговорност

Потрошувачка на гориво на гамата на Alfa Romeo Tonale Hybrid (l/100 km): 5,7 – 6,3; Емисиja на CO₂ (g/km): 130 - 144.
Потрошувачка на гориво на гамата на Alfa Romeo Tonale Diesel  (l/100 km): 5,2 – 5,9; Емисиja на CO₂ (g/km): 137 - 155.
Вредностите за одобрување на типот се утврдени врз основа на WLTP комбинираниот циклус. Наведените вредности се само за споредбени цели.

ОДЛИКИ КОИ ГО ИЗДВОЈУВААТ ОД ОСТАНАТИТЕ

Напредна
хибридна технологија

Нов дизајн
на централната конзола

Ниво 2 на помош при возењето
за дополнителна удобност и контрола

Опремен со brake-by-wire
технологија за кочење

Силни страни

Дизајнот ја пресретнува технологијата

Alfa Romeo Tonale отелотворува совршена синтеза на легендарниот италијански дизајн и новите стилски стандарди. Со поврзување на највисоко ниво и систем за информирање и забава, Tonale нуди исклучителна динамика на возење и поседува извонредност која ја пружа само Alfa Romeo во спортскиот стил, удобноста и технологијата.

 

ИТАЛИЈАНСКИ ДИЗАЈН

Препознатлив италијански дизајн збогатен со стилски карактеристики на Alfa Romeo, реинтерпретирани во името на современоста: бескрајно верен на спортската и легендарна ДНК на марката.

 

ВРВНО ПОВРЗУВАЊЕ

Дигитални апликации, онлајн системи и пакети наменети за да го одведат твојот Alfa Romeo Tonale на кое и да е место. Доживувањето при возење е збогатено со инструмент-таблата “Cannocchiale” од 12.3” како и системот за информирање и забава од 10,25".

 

ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ

Alfa Romeo Tonale нуди најдобро управување во класата, со препонатливите алуминиумски лопатки за менувач, напредната архитектура на суспензијата и совршената распределба на тежината, обезбедувајќи ново ниво на задоволство при возењето.

 

ТЕХНОЛОГИЈА КОЈА СОБОРУВА РЕКОРДИ

Alfa Romeo Tonale располага со целосен пакет на технолошки иновации, вклучувајќи го и дигиталниот сертификат за незаменлив токен (NFT) и многу други ексклузивни услуги.

Избери го твојот

Спореди ги верзиите на  Alfa Romeo Tonale и разгледај го секој детаљ за да го избереш она што најмногу одговара на твојата страст.

Choose your Alfa Romeo Tonale
Sprint

Starting from
    
Veloce

    
Tributo Italiano

    
Перформансите на Tonale

ЧИСТА МОЌ ЗАД ВОЛАНОТ

Моторите на Alfa Romeo Tonale го редефинираат спорскиот стил на возење така што нудат мотори кои ги комбинираат ефикасноста и перформансите. Верзијата Alfa Romeo Tonale Hybryd VGT со 160 КC гарантира динамично возење со брз одговор. Гамата ја комплетира веризјата со дизел мотор со 130 КС, проектирана за доживување на безбедно возење и целосна контрола на пат.

СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ (ADAS)

БЕЗБЕДНОСТ И МОЌНОСТ: НЕЗАПИРЛИВИОТ БИНОМ НА СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ (ADAS)

Благодарение на системите за помош при возење на Alfa Romeo, безбедноста се испреплетува со моќноста. Кратенката ADAS (Advanced Driver Assistance Systems) всушност претставува ознака за серија технологии дизајнирани да понудат максимална контрола и заштита на секаков пат. Од автономна коченица при итен случај до препознавање сообраќајната сигнализација, секоја технологија во Alfa Romeo е дизајнирана така што обезбедува високо динамично и безбедно возење, без компромиси.

Димензии

Димензиите на Alfa Romeo Tonale се 4528 mm должина, 1693 mm висина и 2082 mm ширина, надополнети со уникатноста на италијанскиот дизајн и оригиналниот, современ стил на Alfa Romeo. На располагање се 18'', 19'' и 20'' алуминиумски тркала.

Креирај твое Tonale
Изјава за изземање од одговорност

Сликите се индикативни и имаат само илустративна цел. Прикажаните бои и детали може да не се достапни или може да варираат кога возилото ќе биде достапно, на пример од технички и/или производствени и/или комерцијални причини. На некои слики може да се прикаже дополнителна опрема и/или опрема што не е стандардна и, кога возилото ќе биде достапно, да биде предмет на конкретно барање и дополнително плаќање.

Автентични додатоци®

Автентични додатоци®​

Автентичните додатоци® детали на Mopar ќе го направат твојот Tonale уште повеќе препознатлив.

Финансиски решенија

Решенија за купување

Пронајди ја понудата на финансиски услуги и производи достапни при купување на твојот нов Alfa Romeo автомобил.