Alfa Romeo Logo

Модели

Алфа Ромео го разбуди Милано co Ф1 на денот на нејзиниот 112 роденден


На денот кога полни 112 од создавањето на марката во 1910, Алфа Ромео реши да го прослави овој настан на уникатен начин.

Едноседот Ф1 којшто вообичаено „лета“ на тркачките патеки низ светот, денес, на 24 јуни, помина низ улиците на Милано поаѓајќи од плоштадот Дуомо, поминувајќи низ најпознатите места. Меѓу нив: плоштадот Сан Бабила, Порта Нуова, маестралната централна железничка станица, квартот City Life за да ја заврши градската тура токму на Гатамелата, местото со силно историско значење. Токму тука во 1910 година „изникна“ Портело, првата производна лента на Алфа Ромео и каде денес се наоѓа новиот премиум продажен салон на Марката, каде беше воведен и новиот идентитет на Марката Алфа Ромео. Марката co Милано е поврзана како со папочна врвка затоа што токму тука пред 112 години, под името Анонимна Лобардиска Фабрика за Автомобили, на целиот свет му беше претставена Марката која на посебен начин се впиша во автомобиската историја одбележувајќи ја со извонредната и посебна ДНК на благороден италијански спортски дух којшто од првиот ден се напјува со страст, перформанси и Made in Italy.

Зад воланот на едноседот седна возачот на Алфа Ромео Ф1 Тимот, Валтери Ботас, финскиот возач кој од пред неколку месеци ги освои сите со возбудливите перформанси кои му овозможија да освои 46 бодови, со што се најде на 8-то место во класификацијата на возачи.

Неверојатно оригинален начин на Алфа Ромео за повторно будење на душата на градот којшто сигурно ќе се запраша што се случи на тивките улици во интернационалниот и мултиетнички главен град, светски симбол на сè што е Made in Italy.

Среќен роденден Алфа Ромео!

image001 (1)
Ви треба информација? Разговарајте со нас