ALFA ROMEO TONALE: „LA METAMORFOSI“

Alfa Romeo со задоволство го претставува Tonale, моделот кој ја обележува преобразбата на Марката – „La Metamorfosi“. Останувајќи доследна на својот генетски код, на благородниот италијански спортски дух од 1910 година, во Alfa Romeo со Tonale се случува радикална еволуција која гледа напред кон нова ера на поврзување и електрификација.

ДИЗАЈН: ВЕРЕН НА КОНЦЕПТ АВТОМОБИЛОТ, ИТАЛИЈАНСКИ И ЕДИНСТВЕН ALFA ROMEO

Единствен италијански стил кој е исклучително верен на концептот кој го носи од создавањето. Технологија, софтвер и системи на најсовремена електрификација, осмислени за да бидат во служба на генетскиот код на Марката, универзум на иновативни услуги наменети за корисникот.

Јасна мисија: повторно да се измисли спортскиот дух за дваесет и првиот век. Името ја означува продолжената еволуција со Stelvio, една нова привлечност на патот кој води кон нова дестинација: иднината. Конечниот дизајн на Tonale, благодарение на неверојатната работа направена од страна на Alfa Romeo Style Center, е извонредно верен на концепт автомобилот од кој води потекло.

Наменет за млад, динамичен возач, Alfa Romeo Tonale нуди препознатлив, сензуален и напреден дизајн, кој ги истакнува новите стилски канони кои ќе останат постојани точки во развојот на гамата на Alfa Romeo: тркала со 5 отвори, кластерот во „телескопската“ инструмент табла, спортскиот волан со три краци и синусоидните предни светла. Неговите компактни димензии – должина 4,53 метри, ширина 1,84 метри и висина 1,6 метри – ја опфаќаат уникатноста на италијанскиот дизајн и оригиналниот, современ стил типичен за Alfa Romeo.

Стилските карактеристики кои се влезени во историјата на светскиот автомобилизам се повторуваат како што е познатата „GT Line“ која се протега од задниот до предниот фар со што ги евоцира формите на Giulia GT. Во долниот дел од страните, специјалното „моделирање“ на површините пренесува сензуалност и атлетизам кои потсетуваат на легендарните автомобили на Марката како што е 8C Competizione. На предниот дел се издвојуваат неповторливиот триаголник „Trilobo“ и штитот „Scudetto“ на Alfa Romeo, кој делува како центар на силата.

Предните светла „3+3“ со новите фарови Full-LED Adaptive Matrix го истакнуваат гордиот поглед на SZ Zagato или концептот Proteo. Развиени заедно со Marelli, трите модули сочинуваат единствена предна линија на автомобилот и во истовреме обезбедуваат дневни светла, динамичен трепкач и уред „ Welcome and Goodbye (Добредојдовте и збогум)“ (функција што се активира секогаш кога возачот го затвора или отвора автомобилот). Тие обезбедуваат најдобри услови за осветлување благодарение на воведувањето на две софистицирани технологии: првата „Adaptive Driving Beam“, која обезбедува континуирано прилагодување на соборените светла во зависност од брзината и специфичните услови на возење и втората “Glare-Free High Beam Segmented Technology”, која автоматски детектира сообраќај напред и/или во спротивна насока за да се избегне заслепување на возачите од другите автомобили. И конечно, третиот модул кој автоматски се активира на свиоци за да се обезбеди најдобро странично осветлување. Овие технологии нудат поголема ефикасност – во смисла на траење и заштеда на енергија со двојно поголема емитирачка светлина во споредба со традиционалните халогени светла а помали емисии – и поголема безбедност, благодарение на намалениот напор на очите и подобрата удобност при возењето.
Задните светла ги имаат истите стилски елементи како и предните фарови и формираат синусоидна линија  која целосно го обвива задниот дел на автомобилот, што сочинува навистина уникатен и препознатлив светлосен потпис.

Сензуалноста и динамиката на автомобилот се видливи и од заобленото задното стакло, кое оддава почит на 8C Competizione, како и од дизајнот на алуминиумските тркала кои го репродуцираат стилот на Alfa Romeo на „телефонскиот бројчаник“.

Инспирирани од тркачката историја на Alfa Romeo, ентериерот е дизајниран имајќи го предвид возачот, сите контроли се на дофат за безбедно и неспоредливо возачко доживување. Со иста грижа е осмислен просоторот за патниците којшто е идеален за удобно патување. Така е создадена средина дизајнирана за и околу патниците, која се карактеризира со прецизно внимание посветено на  деталите и се надоврзува на постојаната потрага по највисок квалитет.
Внатрешноста на Tonale буди вистински емоции, без притоа да биде заборавена технолошката опрема од најновата генерација која обезбедува удобно доживување и го одржува секогаш на врвот задоволството од спортското возење.

ВРВНА ТЕХНОЛОГИЈА: ЗА ALFA ROMEO, СОФТВЕРОТ И ПОВРЗУВАЊЕТО ГО ПОДОБРУВААТ ДОЖИВУВАЊЕТО ВО ВОЗЕЊЕТО И ЈА ЗАШТИТУВААТ ОСТАТОЧНАТА ВРЕДНОСТ

Ексклузивно, за прв пат во светот, Tonale е првиот автомобил на пазарот кој е опремен со NFT (non-fungible token – незаменлив токен) дигитален сертификат. Базиран на „blockchain“ технологијата и поврзан на уникатен начин, NFT кај Tonale го сертифицира автомобилот при купувањето и понатаму, во текот на циклусот на користење, ја евидентира употребата на автомобилот, а главната придобивка е заштита на остаточната вредност.

Како ексклузивитет на светско ниво, технологијата NFT (Non-Fungible-Token – незаменлив токен), апсолутна новина во автомобилскиот сектор, дебитира на Tonale. Alfa Romeo е всушност првиот производител кој го поврзал автомобилот со дигитален сертификат NFT. Технологијата се заснова на концептот на „blockchain card“, таен и непроменлив дигитален регистар во кој се наведени главните информации за секој автомобил поединечно. Оваа препознатлива off-board карактеристика, за непосредна и одржлива употреба, го истакнува иновативниот карактер на Alfa Romeo. Со согласност на клиентот, NFT ќе ги евидентира податоците за возилото, генерирајќи сертификат кој може да се користи како гаранција дека автомобилот е правилно одржуван, со позитивно влијание врз неговата остаточна вредност. На пазарот на користени автомобили, NFT сертификацијата претставува дополнителен извор на кредибилитет на кој може да сметаат сопствениците или продавачите на користени возила. Од друга страна, купувачите ќе бидат сигурни во изборот на автомобилот.

Технологија од светска класа вградена во Tonale, насочена кон подобрување на возачкото искуство, доживувањето на патниците и заштита на остаточната вредност.

Alfa Romeo ги прави софтверот и системите за поврзување интуитивни и разбирливи за употреба за подобро доживување на возачот, кој е и останува во центарот Alfa Romeo. Затоа, Tonale доаѓа со најнапредната технологија, за да се обезбеди удобно искуство, поврзани а притоа одржувајќи го уживањето во возењето типично за Alfa Romeo.

Главните нови функции во Alfa Romeo Tonale ги вклучуваат вградените функции на гласовниот асистент Amazon Alexa, така што секогаш можете да се „чувствувате како дома“ во вашиот автомобил, што го прави секојдневното искуство уште поедноставно и поудобно. Интеграцијата со Amazon е комплетна: благодарение на “Secure Delivery Service” (Услугата за безбедна испорака), може да се избере Tonale како место за испорака на пратките кои ги очекувате, со отклучување на вратите за да му се дозволи на курирот безбедно да ги достави во автомобилот. Исто така, од удобноста на домот е можно постојано да се добиваат информации за статусот на автомобилот, да се провери нивото на полнење со електрична енергија или/и на гориво, да се пребаруваат места од интерес, да се дознае последната локација на автомобилот, да се испратат команди за далечинско заклучување, отклучување на вратите и многу повеќе. Дополнително, преку „Alexa“ може да се побара да се додадат производи на списокот за купување, да се пребаруваат ресторани во близина, да се прилагодат светлата или греењето преку домашниот автоматски систем, сето тоа без да се одвлекува вниманието од возењето.

Поврзување на највисоко ниво и целосно нов систем за информирање и забава, дизајниран да нуди ажурирања „Over The Air“ и интеграција со Amazon Alexa. Со вкупна големина од 22,5“, двата големи Full TFT екрани на допир го претставуваат „најдоброто во класата“ .

Tonale во стандардна опрема нуди интегриран и целосно нов систем за информирање и забава којшто, благодарение на приспособливиот оперативен Android систем и 4G поврзувањето со надградбaтa „Over The Air“ (OTA), гарантира постојано ажурирани содржини, функции и услуги.

Овој систем располага со целосно дигитален 12,3″ екран, 10,25″ главен екран на допир и софистициран флуиден  мултитаскинг интерфејс којшто овозможува сè да биде на виделина без да се одвлече вниманието од патот и гарантира искуство како “паметен телефон”. Со вкупна големина од 22,5“  двата големи Full TFT екрани на допир го претставуваат „најдоброто во класата“ во сегментот.

Технологија во служба на безбедноста, со ADAS системи од ниво 2 и удобност во внатрешноста. Средина дизајнирана за и околу патниците, каде што прецизното внимание на деталите е поврзано со постојана потрага по највисок квалитет.

Технологијата e исто така во служба на безбедноста и удобноста: автономното возење е од ниво 2, со нови системи за помош во возењето ADAS (Advanced Driver Assistance Systems) кои дејствуваат во согласност со филозофијата на Alfa Romeo. Овде повторно софтверот е во служба на генетскиот код на марката, каде возачот секогаш е во центарот. Затоа, сите системи функционираат без воопшто да ги нарушат сетилата на возачот, кому му останува контролата и емоциите при возењето. ADAS системите за помош во возењето вклучуваат “Intelligent Adaptive Cruise Control” (IACC) (Интелигентен адаптивен темпомат “ (IACC) (Интелигентен адаптивен темпомат “ (IACC) и “Lane Centering” (LC) (Одржување во коловозна лента) и “Traffic Jam Assist” (Помош при застој во сообраќајот) – кои автоматски ја прилагодуваат брзината и траекторијата, одржувајќи го автомобилот во коловозната лента и на растојание од возилото пред него, со што се обезбедува безбедност и удобност. Други иновативни уреди и технологии со кои е опремен Tonale и кои ја подобруваат интеракцијата помеѓу возачот, возилото и патот се: ”Autonomous Emergency Braking” (Автономното кочење во итни случаи) којшто го предупредува возачот за опасност и го сопира возилото за да го избегне или ублажи судирот дури и во случај кога наидува на пешак или велосипедист, па системот „Drowsy Driver Detection“ кој го следи заморот на возачот и го предупредува во случај на потреба од одмор; потоа ”Blind Spot Detection” (Откривање на слепи точки), што ги детектира слепите точки одзади и сигнализира кога некое возило се приближува за да се избегне судир, па  “Rear Cross Path Detection” (Откривање на возило кое се приближува од задниот дел), кое ги идентификува возилата кои се приближуваат од страна кога се движат наназад, како и  задна камера со висока резолуција од 360° со динамична мрежа.

ВРВНА ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈА, СО РЕШЕНИЈА ОСМИСЛЕНИ ДА ГО ИСТАКНАТ ГЕНЕТСКИОТ КОД НА МАРКАТА

Најсовремена електрификација: уникатни и ексклузивни технички решенија, осмислени од Alfa Romeo за подобрување на нејзиниот генетски код. Парадигмата на Alfa Romeo: електрификацијата е во служба на марката и нејзиниот генетски код, со мисија повторно да се измисли спортскиот дух за дваесет и првиот век.

Две нивоа на електрификација, Hybrid и Plug-in Hybrid Q4, развиени од Alfa Romeo за да гарантираат перформанси „најдобри во класата“.

Кај верзијата Hybrid, Alfa Romeo нуди вистинско електрифицирано возачко искуство: потполно новиот) систем, своето ексклузивно деби го има сосема новиот 48-волтен хибриден погонски систем (48V Hybrid VGT -Variable Geometry Turbo), специфичен за Alfa Romeo, кој може да ги придвижува тркалата дури и кога моторот со внатрешно согорување е исклучен.

Plug-in Hybrid Q4 верзијата со 275 КС со погон на сите тркала го претставува најдоброто во класата во категоријата со електрична автономија до 80 km* во градски циклус. Тоа е најмоќната и најефикасната верзија на гамата.

За марката, Tonale означува природна влезна точка во светот на електрификацијата, но, верна на својот смел пристап, Alfa Romeo поставува парадигма: електрификацијата мора да служи на марката и нејзиниот генетски код, со мисијата повторно да го измисли спортскиот дух за 21 век. Конкретна заложба за иднина ориентирана кон одржлива мобилност, останувајќи истовремено верна на нејзините темелни вредности.

Две нивоа на електрификација, Hybrid и Plug-in Hybrid: хибридниот мотор Hybrid VGT (турбо со променлива геометрија) со 160 КС, исклучиво за Alfa Romeo, го има своето деби на Tonale. Бензинскиот мотор 1,5 со турбо со променлива геометрија во комбинација со седумстепен автоматски менувач со двојна спојка Alfa Romeo TCT со електричен мотор од 48 V 15 kW и 55 Nm „P2“ е во состојба да пренесува погон до тркалата дури и кога моторот со внатрешно согорување е изгасен. Alfa Romeo го избра ова техничко решение за да понуди автентично електрифицирано доживување. Менувачот овозможува стартување и движење во електричен режим при мали брзини, при паркирање и при возење во лер. Хибридната верзија од 130 КС е исто така достапна при лансирањето, секогаш во комбинација со седум-брзинскиот Alfa Romeo TCT менувач со 48 V  „P2“ електричен мотор.

Врвот на перформансите е гарантиран со ексклузивниот Plug-in Hybrid Q4 со 275 КС, кој постигнува забрзување од 0-100 km/h за само 6,2 секунди и автономија во чисто електричен режим, предвидена до 80 km* во градски ​циклус (над 60 km* во комбиниран циклус), најдобар во класата во сегментот. Погонот Q4, стандарден за Plug in Hybrid моторот, гарантира неспоредливо ниво на безбедност и задоволство при возењето.

Новиот 1,6-литарски дизел мотор со 130 КС и вртежен момент од 320 Nm ја комплетира гамата на мотори, во комбинација со 6-брзински автоматски менувач со двојна спојка Alfa Romeo TCT и погон на предните тркала.

НАЈДОБРА ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ ВО КЛАСАТА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ПОСВЕТЕНИТЕ ТЕХНИЧКИ РЕШЕНИЈА 


Специфични технички решенија за динамично возење, референца во сегментот.
Tonale се наметнува како референтна точка во сегменот во однос на динамиката на возење. Обезбедува беспрекорно динамично однесување слично на спортски автомобил, докажано со најдобрата распределба на тежината и најдиректното управување во неговиот сегмент (13,6), како и фактот дека е единствениот модел во класата што е опремен со Интегриран систем за кочење (IBS Integrated Brake System) и алуминиумски педали за менување на брзината поставени на управувачот, белег на марката.


Користењето на фикни шепи за кочење од Brembo со 4 клипови и самовентилирани дискови напред,  како и цврсти дискови одзади придонесува за најдобри перформанси на кочење. За Tonale е избрано целосно независно MacPherson потпирање со FSD амортизери (Frequency Selective Damping). И за да дополнително ги подобри своите исклучителни квалитети на држење на пат, дури и на терени со ниско прилепување до тлото, новиот Tonale нуди две решенија: Q4 погон на сите тркала за Q4 Plug-in Hybrid верзијата и погон на предните тркала за верзиите Hybrid и Diesel. Вториве се опремени и со самоблокирачки електронски диференцијал Alfa Romeo. Понудата е комплетирана со активното потпирање „Dual Stage Valve“ со електронски контролирана амортизација. Накратко, седењето зад воланот на новиот Tonale е еднакво на привлечно возачко искуство кое кани на патување, без разлика на дестинацијата.


НОВА ЛОГИКА НА ГАМАТА


Alfa Romeo Tonale ќе може да се нарачува од месец април на пазарите во Западна Европа и во ексклузивната верзија за лансирање на моделот „EDIZIONE SPECIALE” (СПЕЦИЈАЛНО ИЗДАНИЕ).

 

Alfa Romeo Tonale воведува нова логика на гамата што ја олеснува конфигурацијата избрана од страна на купувачот. Всушност, достапни се две нивоа на опременост – Super и Ti – секоја со добро дефинирани карактеристики кои ги задоволуваат потребите и на најпребирливите клиенти. Нивото на опременост Super, е влез во уникатното доживување на Alfa Romeo, може да се надгради со додавање на пакетот Sprint, кој вклучува бројни опционали со силна спортска конотација. За разлика од ова, нивото на опременост Ti, ја нагласува елеганцијата и препознатливиот карактер на Tonale, и може да се надополни со пакетот Veloce за да се постигне максимум во однос на спортските перформанси.

 

СЕ ПРОИЗВЕДУВА ВО ИТАЛИЈА ВО ПОМИЉАНО, НА ПРОИЗВОДНАТА ЛИНИЈА НАМЕНЕТА ЗА ДОБИВАЊЕ НА БЕСКОМПРОМИСЕН КВАЛИТЕТ

 

Tonale се произведува во Италија, во реновираната фабрика “Џанбатиста Вико” во Помиљано д’Арко, еден од најнапредните производствени погони во светот на автомобилизмот, каде е поставена посебна производствена лента со врвна технологија и невидени нивоа на автоматизација.

 

Alfa Romeo Tonale се произведува во реновираната фабрика „Џианбатиста Вико“ на Стелантис која се наоѓа во Помиљано д’Арко (Неапол) – една од најнапредните производствени фабрики на Групацијата – каде е поставена посебна производствена линија, обновена со врвна технологија и невидени нивоа на автоматизација. Дизајнирана во 1968 година од Alfa Romeo и оперативна од 1972 година, индустриската локација досега има произведено над 5 милиони автомобили и освоено бројни меѓународни награди, вклучувајќи ги: во 2012 година сребрениот сертификат за производство од светска класа Silver del World Class Manufacturing (WCM) и наградите Automotive Lanе Production за најдобра автомобилска производствена лента во Европа, додека следната година го доби златниот медал и нивото “Gold” доделено од WCM. Потоа, минатата година беше предмет на обнова „од корен“ за да се соочи со предизвиците на иднината, за што сведочи усвојувањето на најиновативните технологии за производство на хибридни автомобили, заштита и обука на вработените и почитување на животната средина.