ALFA ROMEO ГО РАЗБУДИ
МИЛАНО CO Ф1 НА ДЕНОТ НА
НЕЈЗИНИОТ 112 РОДЕНДЕ


На денот кога полни 112 од создавањето на марката во 1910, Аlfa Romeo реши да го прослави овој настан на уникатен начин.

Едноседот Ф1 којшто вообичаено „лета“ на тркачките патеки низ светот, денес, на 24 јуни, помина низ улиците на Милано поаѓајќи од плоштадот Дуомо, поминувајќи низ најпознатите места. Меѓу нив: плоштадот Сан Бабила, Порта Нуова, маестралната централна железничка станица, квартот City Life за да ја заврши градската тура токму на Гатамелата, местото со силно историско значење. Токму тука во 1910 година „изникна“ Портело, првата производна лента на Аlfa Romeo и каде денес се наоѓа новиот премиум продажен салон на Марката, каде беше воведен и новиот идентитет на Марката Аlfa Romeo. Марката co Милано е поврзана како со папочна врвка затоа што токму тука пред 112 години, под името Анонимна Лобардиска Фабрика за Автомобили, на целиот свет му беше претставена Марката која на посебен начин се впиша во автомобиската историја одбележувајќи ја со извонредната и посебна ДНК на благороден италијански спортски дух којшто од првиот ден се напјува со страст, перформанси и Made in Italy.

Зад воланот на едноседот седна возачот на Аlfa Romeo Ф1 Тимот, Валтери Ботас, финскиот возач кој од пред неколку месеци ги освои сите со возбудливите перформанси кои му овозможија да освои 46 бодови, со што се најде на 8-то место во класификацијата на возачи.

Неверојатно оригинален начин на Аlfa Romeo за повторно будење на душата на градот којшто сигурно ќе се запраша што се случи на тивките улици во интернационалниот и мултиетнички главен град, светски симбол на сè што е Made in Italy.

Среќен роденден Аlfa Romeo!